Македонија
Пукање на прослава на Рамазан Бајрам- едно лице повредено
Едно лице е повредено при пукање на прослава на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам во скопското село Долно Коњаре, соопштуваат од СВР Скопје.
Едно лице е повредено при пукање на прослава на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам во скопското село Долно Коњаре, соопштуваат од СВР Скопје.
Синоќа неколку минути пред полноќ додека се одржувала прославата на спортското игралиште за мал фудбал во селото, непознато лице почнало да пука. При пукањето настрадало осумнаесетгоднишно момче од селото Долно Коњаре. Со проектил бил погоден во десната потколеница и левото стапало.
Кој пукал се уште не се знае. Полицијата извршила увид на лице место и трага по пукачот./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Се чистат улиците, автобуските постојки и пешачките патеки во Гази Баба
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на ФБ објави дека повеќе од 7 часа активно се чистат улиците во општината. Тој посочи дека поради интензитетот на врнежите од снег активностите се уште траат и ќе продолжат и во текот на денот.
„Изминатите часови се изврши чистење на улици во Автокоманда, Црешево, Железара, Смилковци, Виниче, Триангла, Трубарево, Булачани, Раштак, Ченто и други населени места. Од рано утрово на терен се приклучија и екипите на ЈКП Гази Баба кои вршат чистење на автобуските постојки и пешачките патеки низ општината. Од почетокот на акцијата до сега по улиците низ Гази Баба се растурени повеќе од 30 тони сол и ризла“, напиша Стефковски.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Центар подготвен за снегот, улиците се расчистуваат од ноќеска
Општина Центар подготвено ги дочека денешните снежни врнежи, објави на ФБ, градоначалникот Горан Герасимовски.
„Зимската служба започна со расчистување на снегот уште од доцна синоќа, приоритетно на најкритичните локации, како што е подножјето на планината Водно, и на најпрометните улици под надлежност на општината. Со вкупно 4 возила – 2 со плуг и соларка, како и 2 специјализирани возила за отстранување снег, тимовите се на терен од ноќеска и интензивно работат на фрлање сол и расчистување на уличната мрежа, како и на критичните сообраќајни точки”, вели Герасимовски.
Во објавата се додава дека „Општина Центар е во постојана комуникација со граѓаните од сите населби на својата територија и продолжува со координација со градските служби за навремено и ефикасно справување со сите предизвици што ги носат снежните врнежи“.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци
Активни забрани за тешки товарни возила:
– Тетово-Попова Шапка
– КриваПаланка граничен премин Деве Баир
– Гостивар-Маврово-Дебар
– Гостивар-Стража-Кичево
– Пресека
– Плетвар
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.