Контакт

Македонија

Истекува рокот за легализација на дивоградбите

Објавено пред

Рокот за поднесување барања за легализација на дивоградбите истекува вечерва на полноќ.

dobivaj vesti na viber

Рокот за поднесување барања за легализација на дивоградбите истекува вечерва на полноќ.Предвидено е општинските служби за прием на барањата да работат до полноќ, а граѓаните ќе можат до 19 часот по препорачана пошта до општините да испратат барања за легализација.До завчера во општините низ земјава и до Министерството за транспорт и врски биле поднесени 270.602 барања за легализација од граѓани и компании, информираше ресорното министерство.Бројот на поднесени барања за легализација во последните денови надминува 25.000 . Од вкупниот број поднесени барања одѕивот е помал во руралните подрачја, а поголем во градските.Министерот Миле Јанакиески упати апел до граѓаните да ја искористат можноста за пријавување дивоградби без оглед дали нивните објекти се во град или во село, или надвор од планските опфати. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

12 отсто од вработените на Клинички ќе паркираат на пет минути пеш за да им се олесни пристапот на пациентите, најави Алиу

Објавено пред

Триста вработени од вкупно 2.500 на Клиничкиот центар Мајка Тереза од 1 јули ќе можат да ги паркираат своите возила кај „Лимак“ за да се олесни сообраќајот пред комплексот клиники. Ова го најави министерот за здравство, Азир Алиу.

dobivaj vesti na viber

Паркинг местата кај „Лимак” за дел од вработените во Мајка Тереза ќе бидат обележани со табли, оддалечени на пет минути пешачење, а ќе продолжат да ги плаќаат самите, по истатат цена како досега. За тоа кој ќе паркира таму, ќе се одлучува на доброволна основа, рече министерот.

Според него, со пренасочување на возилата на оваа бројка на вработени надвор од кампусот, граѓаните нема да мора да решаваат сообраќајни проблеми  и да губат нерви. Сепак, на просторот на Клиничкиот центар дневно се паркираат и до трипати повеќе возила одошто има место, а секоја нова власт изминативе две децении ветува изградба на катни гаражи во Клиничкиот центар и решавање на проблемот.

Алиу вели дека во моментов се врши мапирање на секој агол, по што ќе се знае точно колку возила може да се паркираат, кои се пиковите во текот на денот и каде се најкритичните точки на застој.

Министерот најави и интерактивни табли со цел пациентите полесно да се снајдат на Клинички центар, но засега не знае колку ќе чини тоа решение.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Влен: Со законот за правична застапеност, Албанците ќе бидат во центарот на институциите, а не на периферијата на статистиката

Објавено пред

Со Законот за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите заедници во државната и јавната администрација, кој ќе биде донесен на владина седница, ќе биде затворена историска рана, велат од коалицијата Влен, додавајќи дека со закон ќе го напарават она што ДУИ не го направила 22 години.

dobivaj vesti na viber

„Речиси три децении, Албанците во оваа земја беа недоволно застапени, угнетени и свесно занемарени од институциите кои требаше да им служат на сите подеднакво. 30 години, институционалната дискриминација стана систем, додека гласот на Албанците се слушаше само како број на гласови, а не како сила која го заслужува местото што го заслужува! Но, времето на неправдата завршува! Во текот на претстојната недела ќе се пишува историја во Владата на Република Северна Македонија. ВЛЕН, со храброст и одговорност, заклучува една од најсуштинските точки од Охридскиот договор, Законот за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите заедници во државната и јавната администрација, кој ќе биде донесен на владина седница“, велат од „Влен“.

Во партиското соопштение се доава дека ова не е политички чин, туку чин на правда.

„Овој закон, врз основа на Амандманот VI од Уставот, ја прави соодветната застапеност законска и институционална обврска, а не повеќе лична желба или лажно броење од страна на партии кои лажат цел народ. Институциите ќе бидат обврзани да обезбедат фер застапеност, без дискриминација, почитувајќи ја компетентноста, интегритетот, транспарентноста и инклузивноста. Она што ДУИ не го направи 22 години со неограничена моќ, ВЛЕН го постигнува во првите месеци од владеењето. Тие го продадоа Охридскиот договор, ние го спроведуваме по закон! Со оваа одлука, ВЛЕН ја враќа рамноправноста во темелите на државата и ги носи Албанците таму каде што отсекогаш заслужувале да бидат, во центарот на институциите, а не на периферијата на статистиката. Со оваа историска одлука, ВЛЕН не прави само реформа, туку го враќа достоинството на Албанците“, велат од „Влен“.

Се додава и дека Албанците не се декор во оваа држава, туку се нејзиното јадро и темелот врз кој се градеше соживотот.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите за градоначалници во СДСМ се деца на Заев

Објавено пред

Социјалдемократскиот сојуз и Филипче продолжуваат да работат во интерес на нивниот вистински лидер Заев, откако кандидати за градоначалници станаа децата на Заев, кои во негово време беа трет и четврт ешалон во партијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„СДС и Филипче слепо го слушаат нивниот ментор и сè уште тој им ја води партијата и си става луѓе на позиции кои него му одговараат за да има контрола врз нив.

Со овие кандидати за градоначалници, Заев покажува дека СДС и Филипче ги спроведуваат неговите политики, а тоа се неспособност, предавство и криминал.

Овие луѓе кои се најдоа како кандидати на СДС, во своите општини, ниту се познати, ниту имаа некаков авторитет, ама затоа му слугуваат на Заев и работат за него.

Оние коишто беа градоначалници до сега, и сега повторно се предложени, сите знаеме дека во тие општини нема никаков просперитет, туку општините се уназадени, упропастени и уништени. Такви луѓе СДС става за кандидати за градоначалници.

Ликови кои тепаат административни службеници, луѓе кои се познати по скандали поврзани со криминал и корупција, луѓе кои одат по стапките на Заев. Од тие луѓе, градоначалници не бидува.

СДС мора да се реформира. СДС е на чекор на исчезнување, а тоа се гледа и по кандидатите кои губат во своите општини, некаде 3 спрема 1, некаде 4 или 5 спрема 1.

ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари убедлива победа на овие избори!“, се вели во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

12 отсто од вработените на Клинички ќе паркираат на пет минути пеш за да им се олесни пристапот на пациентите, најави Алиу

Триста вработени од вкупно 2.500 на Клиничкиот центар Мајка Тереза од 1 јули ќе можат да ги паркираат своите возила...

Свет1 час

Иран: Ќе се браниме со сите сили од агресијата на САД

Министерството за надворешни работи на Иран објави ново соопштение. Техеран истакна дека ќе се брани од, како што ја нарече,...

Топ2 часа

Хаос во хотел во Лазарополе: скопјанец фрлал предмети и нападнал сограѓанин

Дваесет и деветгодишен скопјанец, К.Ж. е приведен по инцидент што се случил синоќа во хотел во Лазарополе. Според информациите од...

Свет2 часа

Претседателот на Израел: Не знаев дека САД ќе нападнат во Иран, се разбудив кога се случи тоа

Израелскиот претседател Исак Херцог изјави за Би-Би-Си дека американскиот напад врз Иран е „историска и храбра одлука“. На прашањето дали...

Македонија5 часа

Инжинери на Македонија: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

Потрошувачите на електрична енергија имаат законско право на визуелен пристап до сопствените броила, а секое спречување на тој пристап од...

Свет5 часа

(Видео) Трамп: Целосно ги уништивме иранските комплекси, или ќе има мир, или нови напади

Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки....

Свет5 часа

САД го нападнаа Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ги завршиле нападите врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц...

Македонија16 часа

Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат

Таткото кој го загуби синот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го повика населението во градот масовно да излезе...

Топ21 час

Скопјанец пијан ја тепал сопругата со чадор во Бутел, ползејќи и губејќи свест стигнала до дворот да повика помош

Семејно насилство во Бутел ја вознемири јавноста. Обвинителството поведе постапка против 54-годишен скопјанец кој во домот на улицата Бутелска ја...

Македонија22 часа

ЗНАМ очекува до крајот на месецот да ги заврши преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за взаемна поддршка на некои кандидати за градоначалници

ЗНАМ на локлните избори ќе настапи самостојно, како на советничките листи, така и за изборот на градоначалници, а со ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија23 часа

Вработениот во Народната банка се сомничи дека го зел синиот ранец со пиштолот со кој се убиени Вања и Панче, покрената е истрага

Обвинителството покрена истрага за помагање за З.Д., вработениот во Народната банка, член на партијата на Љупчо Палевски, Десна, кој беше...

Македонија1 ден

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Група млади активисти и уметници под менторство на програмата за креативен активизам на Центарот за современи уметности реализираа впечатлива и...

Македонија1 ден

Вештачката интелигенција постепено ќе навлезе во училиштата во Македонија, Јаневска подготвува документ со насоки

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го...

Македонија1 ден

Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: тетовец возел 190 километри на час, а дозволено е 80

Во текот на вчерашниот ден приведен е возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 километри на час...

Свет1 ден

Израелскиот министер: Го убивме командантот на огранокот на Иранската револуционерна гарда

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека израелската армија го убила командантот на меѓународниот огранок на Иранската револуционерна...

Македонија1 ден

Земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихеровата скала бил почувствуван синоќа во Охрид и околината. Според информациите на сеизмолошкиот...

Топ2 дена

Детали за несреќата во Охрид: возачот немал дозвола, поминал преку кружниот тек и на тротoар ја прегазил жртвата

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истрага против две лица за тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот, во...

Македонија2 дена

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, меѓу нив и познати имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија2 дена

Вишиот јавен обвинител казнет, намерно и неоправдано направил крупни професионални грешки

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и...

Македонија2 дена

Ефективен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, Апелација им го укина куќниот

Апелациониот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи и им определи...