Македонија
Дијаспората покрена иницијатива за прекин на преговорите со Грција
Иницијатива со цел да се докаже дека постои легитимно и легално решение за прекин на преговорите во спорот за името, кое нема да има штетни последици по државата, покрена Комитетот за демократизација на Репубика Македонија од Канада .
Иницијатива со цел да се докаже дека постои легитимно и легално решение за прекин на преговорите во спорот за името, кое нема да има штетни последици по државата, покрена покрена Комитетот за демократизација на Република Македонија од Канада.Заклучувајќи дека корен на проблемот со кој се соочува македонскиот народ се прифатените обврски да се одржуваат преговори сé додека не се пронајде решение за името кое ќе ја задоволи Грција, дијаспората предлага активности кои правно ќе докажат дека Времената спогодба е ништавна. „Најпрвин е потребно да се докаже дека Времената спогодба од страна на Република Македонија ја прифатиле марионетски режими кои работеле против интересите на нашата Татковина“ сметаат предлагачите на иницијативата.Според нив, ова лесно можело да се докаже преку изјавите на поранешни високи државни функционери во клучните години на независноста (1991.-1995. год.) Воедно, македонските иселениците преку иницијативата сакаат да извршат притисок врз македонските власти да не прифатат конечно решение на спорот за името со Грција кое ќе биде различно од единственото прифатливо решение за македонскиот народ—Република Македонија.Комитетот за демократизација се одлучил за покренување на ваква иницијатива бидејќи се сомнева дека актуелната владеачка гарнитура планира постигнатиот договор со Грција да го стави на референдум пред граѓаните на Македонија.Ваков впечаток претставниците на македонската дијаспора добиле по одредени јавни изјави на македонските власти.Распишувањето на референдум по ова прашање, за Mакедонците кои што живеат надвор од Татковината би било крајно губитничко решение за Македонија.Според нив, доколку на референдумот биде отфрлено договореното решение за името, тогаш во употреба би останала срамната референца Поранешна Југословенска Република Македонија, а државата би била обврзана да продолжи со долгогодишните преговори, сé додека не се задоволи условот во прифатениот договор на Времената спогодба, Грција да го одобри нашето име.„Доколку на евентуалниот референдум биде прифатено името кое ќе е прифатливо за Грција, тогаш со голема доза на сигурност ќе можеме да предвидиме дека името Република Македонија нема да е конечното решение, односно, резултат на референдумот ќе биде конечна промена на името на Република Македонија во нешто што ќе сугерира дека нашиот народ е нешто друго освен македонски“, стои во соопштението. Истовремено се предупредува дека трајната штета од ваквото решение ќе биде фактот што Македонија ќе остане без прилика во иднина да ја преврати оваа одлука.„Различните надежи дека ЕУ ќе се распадне, дека некако ќе ги измориме Грците и дека тие ќе попуштат и останатите бесмислици кои ги сервираат грчките платеници кои глумат македонски патриоти, како и белосветските анонимуси кои глумат стручњаци и загрижени македонски пријатели, се само лаги на кои треба македонскиот народ да им стави крај“, велат Македонците од дијаспората. Тие укажуваат дека е потребно реално да се погледне ситуацијата и да се бара решение кое единствено гарантира зачувување на името, идентитетот и јазикот како Македонски, а воедно и кое е решение за интеграциите на Република Македонија во ЕУ и НАТО. „Република Македонија се наоѓа пред кобен миг. Од нас самите Македонци зависи дали ќе дозволиме името, јазикот и идентитетот да ни бидат одземени и конечно уништени. Од нас, самите Македонци кои живееме денес, зависи дали ќе дозволиме маката, крвта и солзите на генерациите пред нас кои дале сé од себе да ни го дадат овој бесценет подарок да бидат фрлени во заборав“, се наведува во иницијативата.Оваа иницијатива Комитетот за демократизација на Република Македонија од Сент Катеринс, Онтарио, Канада, во име на Македонците кои живеат во Северна и Јужна Америка, Европа и Австралија и Океанија—потпишана и поддржана од Македонци кои живеат во посочените региони, ја достави до пратениците од дијапсората во македонското Собрание. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

