Македонија
Утре Топаана без струја. „Костурски херои“ без вода

Регионалниот Центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека поради изведување технички зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа утре во периодот од 8 до 16 часот, без напојување со електрична енергија ќе корисниците од Топаана.
Регионалниот Центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека поради изведување одредени технички инвестициски зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа од страна на ЕVN Македонија утре (вторник, 06.09.2011) во периодот од 8 до 16 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопската населба Топаана. Овие прекини на напојувањето со електрична енергија се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдување со електрична енергија на корисниците во реонот.Од РЦУК Скопје, исто така, информираат дека утре во периодот од 9.30 до 17 часот поради монтажа на нова водоводна мрежа жителите од улицата „Костурски Херои“ (поранешна „29. Ноември“, во скопската општина Центар), без вода ќе останат само жителите и другите потрошувачи од истата улица./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Ако Коцевски сам не си поднесе оставка, ќе докаже дека е на функција само да ги спасува СДС

Ако главниот обвинител Коцевски сам не си поднесе оставка, ќе докаже дека е на функција само да ги спасува СДС од одговорност, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Главниот обвинител Коцевски доби два црвени картони, првиот од народот директно кој нема доверба во него ниту 2% и вториот од народот преку пратениците со интерпелацијата. Главниот обвинител Коцевски е свесен дека народот не му верува, и дека со ништо не покажал дека се труди тоа да го смени. Единствено нешто кое што Коцевски го прави, е да се држи до СДС, кои мораа да ја напуштат глумата на мачка и глушец, и да се соголат целосно, јавно бранејќи го во Собрание“, рече тој.
Петрушевски го праша обвинителот Коцевски нели се срами кога СДС мора да го бранат или тоа природно му доаѓа како контра услуга за сите функционери кои им ги спаси од кривична одговорност?
„Како може Коцевски да продолжи да биде главен обвинител, кога знае дека ниту еден случај за кој во изминативе години имаше низа докази излезени во јавноста не обезбеди пресуда? Дали за еден обвинител како Коцевски е поважно да биде потрчко на Заев и Филипче, отколку да работи за граѓаните? Доколку Коцевски има грам доблест, ќе си даде оставка веднаш, затоа што кредибилитет одамна нема“, рече Петрушевски.
Македонија
СДСМ: Бројот на вработени намален за 17.000 – погубни економски политики на ВМРО-ДПМНЕ

Фрапатни се податоците кои покажуваат дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2024 година во земјава има над 17.000 помалку вработени, обвини СДСМ.
Според партијата, тоа е директен резултат на погубните економски политики, хаосот и несигурноста, како и напуштање на политиките кои ги востастави СДСМ за стабилна и одржлива економија.
„Со оваа неспособна Влада: пазарот на труд се стеснува, продуктивното население е разочарано и заминува, Фондот за пензиско осигурување е под притисок, бидејќи денес 1,63 вработени обезбедуваат една пензија, наместо 1,74 како што беше пред само една година. Владата нема стратегија, нема визија, нема мерки за задржување и отворање на нови работни места“, велат од СДСМ.
Од таму обвинија дека ова се последици од владеењето на Мицкоски и дека се зголемува несигурноста за младите, пензискиот систем се доведува во ризик, а приватниот сектор е оставен сам да се снаоѓа.
Македонија
Регионална иницијатива за превенција од пожари на Западен Балкан

Во услови на зголемени ризици од пожари, започна регионална иницијатива за подигање на свеста за управување со пожари на ниво на предел во земјите од Западен Балкан. Иницијативата, поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, има за цел да го поттикне интегрираното и одржливо управување со екосистемите, наместо традиционалниот пристап што се фокусира исклучиво на гаснење.
Пожарите оставија сериозни последици врз природата, економијата и животот на граѓаните, а над 90% од нив се предизвикани од човечка невнимателност — факт што укажува дека превенцијата е клучна.
Преку интерсекторска соработка, јакнење на локалните капацитети и активности на терен, иницијативата тежнее да создаде предели и заедници отпорни на пожари.
„Природата е наша заедничка одговорност. Со здружени напори можеме да постигнеме нула пожари предизвикани од човечки фактор,“ велат од Министерството.