Македонија
Режим за движење на сообраќајот за денеска и во четврток
Во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, денеска на генералната проба за централната прослава по повод празникот и во четврток на централната прослава ќе биде воспоставен посебен режим на движење на сообраќајот во центарот на Скопје.
Во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, денеска на генералната проба за централната прослава по повод празникот и во четврток на централната прослава ќе биде воспоставен посебен режим на движење на сообраќајот во центарот на Скопје.Отворени сообраќајници во централниот градски појас по кои што граѓаните ќе може да сообраќаат се: Булеварите “Климент Охридски“, “Партизански одреди“, “Гоце Делчев“, улицата “Стив Наумов“ до хотелот “Холидеј Ин“ – потоа дозволено свртување во лево по улицата “Кеј 13 Ноември“ до крстосницата кај Комплекс банки, со дозволено движење лево и право по булеварот “Кузман Јосифовски Питу“. Движење, односно сообраќај ќе биде дозволен и од булеварот “Кузман Јосифовски Питу“, десно по улица “Крушевска Република“ (или по старо улица “Пролет“), лево и право кај крстосницата кај Монополот со Јужен булевар (со слободен проток по “Јужниот булевар“). Исто така, движење ќе биде дозволено и по улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“, односно влез и движење по оваа улица од правец на улицата “Бихаќка“, без право на вртење десно.Затворени сообраќајници за движење ќе бидат: Улица “11 Октомври“ од крстосницата кај Монополот, преку улицата „Димитрија Чуповски“ (поранешна „Вељко Влаховиќ“) до крстосницата на оваа улица со булеварот „Климент Охридски“. Потоа, ќе биде затворена улицата “Васил Главинов“ од објектот Тифани до објектот Палома Бјанка, како и улицата “Даме Груев“ по целиот нејзин потег. Затворени ќе бидат и сообраќајниците “Васил Аџиларов“ (поранешна “Моша Пијаде“) од хотелот “Холидеј Ин“ до Собранието на Република Македонија, како и делот на булеварот “Кочо Рацин“ од крстосницата Комплекс банки и до крстосницата со улиците “Мито Хаџивасилев Јасмин“ и “Бихаќка“. Исто така, од десната страна на реката Вардар затворени ќе бидат улиците “11 Март“ од Вијадуктот до Камениот мост, како и улицата “Црвена скопска општина“ (кај црквата Св. Димитрија).Режимот на забрана за сообраќање по овие сообраќајници ќе важи утре, за време на одржувањето на генералната проба во траење од 16:30 часот до вечерните часови, како и во четврток за време на централната прослава на Денот на независноста, од 16:00 часот до доцните вечерни часови./крај/со/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

