Македонија
Преглед на печат / Македонија
„Дневник“ – „Кошаркарската бајка продолжува, совладана и БиХ“ е водечки наслов во весникот, во кој известува за успехот на македонските кошаркари. Македонија ја победи Босна и Херцеговина
„Дневник“
„Кошаркарската бајка продолжува, совладана и БиХ“ е водечки наслов во весникот, во кој известува за успехот на македонските кошаркари. Македонија ја победи Босна и Херцеговина со 75:63 на последниот натпревар во групата „Ц“ на Европското првенство во Литванија. Низата од четири победи по ред ја донесе Македонија до првото место во групата. Македонија влегува во следната рунда со максималните можни 4 бода, Грција од нашата група ќе има 3, а Финска само 2 бода. Таму друштво ќе ни прават Русија (4 бода), Словенија (3 бода) и Грузија (2 бода). „Нова Македонија“
Под наслов „Поголеми патриоти сме од Американците и Британците“, објавува резултати од анкета спроведена во време на одржување на Европското првенство во кошарка, според која македонските граѓани се меѓу најголемите патриоти во светот и се горди на својот идентитет. Трите последователни победи на македонската репрезентација го зајакна патриотизмот кај граѓаните, покажува анкетата.„Утрински весник“
Под наслов „Фуле побара лидерство од македонските политичари“, известува од вчерашната посета на еврокомесарот за проширување, Штефан Фуле на Македонија. Пораката пред сé се однесуваше на спорот околу името на државата, но и на реформите и генерално правецот во кој оди земјата и каде ја гледа својата иднина. “Вечер“
„Филе:Решение за името и датум за преговори до крајот на годината“ е централна тема во весникот, во која констатира дека еврокомесарот за проширување Штефан Филе е оптимист. Еврокомесарот го темели оптимизмот на меѓусебната доверба на македонскиот и грчкиот премиер и нивната посветеност да дојдат до заемно прифатливи решение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

