Македонија
СМД: Наградата на ОМД за Глигоров не е семакедонско признание
Наградата за животно дело на поранешниот претседател Киро Глигоров од организацијата Обединета македонска дијаспора (ОМД) е неприфатлива за најголемиот број Македонци и македонски заедници во светот.
Наградата за животно дело на поранешниот претседател Киро Глигоров од организацијата Обединета македонска дијаспора (ОМД) е неприфатлива за најголемиот број Македонци и македонски заедници во светот.Ова денеска го соопшти Светскиот Македонски Конгрес (СМК), наведувајќи дека за нив е неразбирлива мотивацијата на ОМД за награда на Глигоров кој во својот мандат, наводно ја одвратил државата од „погрешни потези кои можеле иднината на Македонија да ја одведат во несакан правец“.СМК смета дека потегот на ОМД не ја одразува волјата на најголемиот број Македонци, а ниту се согласува со текстот од образложението на таа организација.Искажувајќи почит кон функцијата што ја вршел, СМК смета дека „грешките на Глигоров не ги покриваат ни 1000 години од независноста на државата Македонија“.„СМК не полага монопол или ексклузивно право врз македонските работи и врз Македонците во светот, ја почитува слободата на здружување и говор, но ги отфрла обидите за создавање паралелна меѓународна организација која освен поддршката од американската амбасада во Скопје не бележи значителен интерес меѓу Македонците во светот“, се наведува во соопштението.Од оваа организација наведуваат дека неколку се обиделе да закажат средба со раководството на ОМД заради координација, но не добиле одговор.Набројувајќи 14 точки, за кои смета дека биле погрешни потези на Глигоров, СМК смета дека наместо награда за животно дело, поранешниот претседател на нацијата и’ должи јавно извинување заради согласноста за прием на Македонија во Обединетите Нации под понижувачкото времено обраќање „поранешна Југословенска Република Македонија“. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

