Македонија
Шврговски:Обвинителството е должно да го применува автентичното толкување
Обвинителството е должно да го применува автентичното толкување на Законот за амнестија што го донесе Собранието, вели за Макфакс државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски, откако денеска Обвинителството се откажа од кривично гонење на обвинетите во случајот „Мавровски работници“.
Обвинителството е должно да го применува автентичното толкување на Законот за амнестија што го донесе Собранието, вели за Макфакс државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски, откако денеска Обвинителството се откажа од кривично гонење на обвинетите во случајот „Мавровски работници“.
„Постои автентично толкување на Законот за амнестија. Ако имате Закон, Обвинителството е должно да го применува тој Закон“ вели Шврговски.
Во врска со претставките кои се поднесени околу овој закон до Уставниот суд, Шврговски вели дека одлуката на Уставниот суд нема суспензивно дејствие врз одлуките на институциите.
„Има луѓе кои се во притвор во овој случај, што ќе речат тие ако ние имаме Закон, а не постапуваме по него, а не знаеме кога Уставниот суд ќе одлучува по претставките“ вели Шврговски.
Судот утрово ја запре кривичната постапка за обвинетите во единствениот хашки случај којшто беше вратен во Македонија и влезе во судска процедура.
Од петте хашки случаи, судот во Хаг го процесуираше само случајот Љуботен, а останатите четири, „Мавровски работници“, „Липковска брана“, „Непроштено“ и „Водство на ОНА“, во кои се обвинети високи функционери на коалициониот партнер во Владата, ДУИ, Хашкиот трибунал ги врати во надлежност на македонските судови,.
Собранието пред неколку месеци го усвои автентичното толкување на Законот за амнестија. Тоа значи дека се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од казна затвор лицата за кои постои сомневање дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво

