Македонија
Дијаспората бара Времената спогодба со Грција да се прогласи за неважечка
Правниците со кои македонската Влада се консултира во врска со тужбата против Грција во Меѓународниот суд во Хаг должни се да направат правен силогизам (доказ). Но, она што Владата го прифатила како правна аргументација во овој случај е незнаење.Вака во една своја колумна Марјан Попески, адвокат и магистер по меѓународно право го образложува својот предлог за покренување на ништавност на Времената спогодба помеѓу Македонија и Грција. Овој негов предлог минатата недела го прифати и Комитетот за демократизација на Македонија од Канада кои покренаа иницијатива за докажување на ништавноста на Времената спогодба.Комитетот оваа иницијатива веќе ја испрати до тројцата пратеници во македонското Собрание од дијаспората од кои се очекува покренување на собраниска расправа за ова прашање.Во својот труд овој адвокат од Охрид тврди дека времената согласност меѓу Македонија и Грција е во спротивност со ius cogens (императивна норма ) во Повелбата на ОН и е ништавна (член 53 од Виенската конвенција за договорно право). Па така, според него член 5 од Времената согласност е ништавна договорна норма, а оттука и времената согласност е ништавна и нема никакво дејство.„Според член 103 од Повелбата на ОН, овој договор е ius cogens што предизвикува ништавност на сите договорни норми што во време на настанувањето биле во спротивност со Повелбата и Статутот како негов интегрален дел. Член 5 од Времената согласност е во спротивност со член 1, став 2 и член 55 од Повелбата. Член 5 од Времената согласност е ништавна договорна норма.“Адвокатот Попески потсетува дека член 1, став 2 од Повелбата на ОН кој го содржи основното колективно човеково право, правото на самоопределување, кое што е ius cogens и важи erga omnes. Од друга страна, пак, член 5 од Времената спогодба одредува преговори за правото на самоопределување. Оттука произлегува дека и член 5 од Времената спогодба е ништавна договорна норма, тврди Попески.„Тоа што е ништавно нема никакво дејство. Времената спогодба е ништавна (член 5 од оваа спогодба е во спротивност со член 1, став 2 од Повелбата, односно правото на самоопределување, кое што е ius cogens и важи erga omnes, според пресудата на Mеѓународниот суд на правдата во случајот Источен Тимор).“И конечниот заклучок е дека „ништавната Времена спогодба нема никакво дејство и Македонија не мора да го смени името“.„Доколку моето заклучување, односно наведените правни силогизми се правилни, тогаш на Владата и предлагам врз основа на Виенската конвенција за договорно право да испрати до Грција изјава дека Времената спогодба е ништавна и да го извести Меѓународниот суд на правдата. Ако Грција не одговори во рок од 12 месеци, Македонија има право да вложи жалба за ништавност до Меѓународниот суд на правдата“, заклучува Попески.Иницијатива со цел да се докаже дека постои легитимно и легално решение за прекин на преговорите во спорот за името, кое нема да има штетни последици по државата, ја покрена Комитетот за демократизација на Република Македонија од Канада.Заклучувајќи дека корен на проблемот со кој се соочува македонскиот народ се прифатените обврски да се одржуваат преговори сé додека не се пронајде решение за името кое ќе ја задоволи Грција, дијаспората предлага активности кои правно ќе докажат дека Времената спогодба е неважечка.Македонските иселениците преку иницијативата сакаат да извршат притисок врз македонските власти да не прифатат конечно решение на спорот за името со Грција кое ќе биде различно од единственото прифатливо решение за македонскиот народ—Република Македонија.Комитетот за демократизација се одлучил за покренување на ваква иницијатива бидејќи се сомнева дека актуелната владеачка гарнитура планира постигнатиот договор со Грција да го стави на референдум пред граѓаните на Македонија.Според нив, доколку на референдумот биде отфрлено договореното решение за името, тогаш во употреба би останала срамната референца Поранешна Југословенска Република Македонија, а државата би била обврзана да продолжи со долгогодишните преговори, сé додека не се задоволи условот во прифатениот договор на Времената спогодба, Грција да го одобри нашето име.„Доколку на евентуалниот референдум биде прифатено името кое ќе е прифатливо за Грција, тогаш со голема доза на сигурност ќе можеме да предвидиме дека името Република Македонија нема да е конечното решение, односно, резултат на референдумот ќе биде конечна промена на името на Република Македонија во нешто што ќе сугерира дека нашиот народ е нешто друго освен македонски“, стои во соопштението на Комитетот за демократизација на Република Македонија од Канада. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

