Македонија
Вељановски: Македонското наследство не е сопственост на една генерација
Македонското наследство не е сопственост и право само на оваа или било која друга генерација Македонци. Тоа е онолку наше колку што и на современиците, на големите револуционери, на борците од НОБ, но и на сите идни генерации.
Македонското наследство не е сопственост и право само на оваа или било која друга генерација Македонци. Тоа е онолку наше колку што и на современиците, на големите револуционери, на борците од НОБ, но и на сите идни генерации. Имајќи ја в предвиди оваа огромна одговорност кон она што е наше, мора да биде јасно дека не можеме и не смееме да си дозволиме да носиме одлуки, кои немаме право да ги носиме.Ова денеска го истакна претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељановски на свечената седница, по повод јубилејот од независноста на Македонија.Тој кажа дека заедничките заложби за евроатлантската иднина мора да бидат адекватно поддржана и преку соодветни дела.„Само преку заемна соработка, можеме да успееме да го извлечеме максимумот од она што членството во ЕУ и НАТО можат да и го понудат на Македонија, во спротивно не чека тешка битка, пред се со самите нас, која може, а не смееме да дозволиме, скапо да не чини, рече Вељановски, обраќајќи се пред пратениците.Тој додаде дека развојот на демократскиот поредок и владеењето на правото и реформите се процеси кои заслужуваат и бараат поддршка од сите политички субјекти.Осврнувајќи се на македонско-грчкиот спор, Вељановски рече дека Македонија морала да претрпи големи неправди во минатото, кои ја чинеле многу скапо.Собранискиот спикер навраќајќи се на минатото рече дека во обид да се опстои во тие тешки времиња, кои дополнително беа обремени со ембаргото воведено од страна на Грција, нагласи дека Македонија морала да направи големи отстапки, кои на моменти се заканувале да го доведат во прашање достоинството на државата.„Она што ниту, тогаш, а ниту сега, многумина не го разбираат, кога говориме за проблемот со нашето уставно име е тоа што Македонија не ни припаѓа само на нас денес“, рече, Вељановски, додавајќи дека Македонија им припаѓа и на современиците, на големите револуционери, но и на сите идни генерации.Укажувајќи на актуелните политички случувања, Вељановски повика да исчезнат политички разлики пред важните политички прашања и оти тоа го очекуваат граѓаните. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

