Македонија
Сестрата на драчевецот година и половина спиела во соба со закопан леш
Сестрата на драчевецот кој пред две години го задавил со пешкир својот пријател Зоран Георгиевски и го закопал во спалната соба во неговата куќа, не знаела за злосторството. Година и половина спиела во спалната соба каде што бил закопан Георгиевски, незнаејќи дека спие заедно со леш.
Сестрата на драчевецот кој пред две години го задавил со пешкир својот пријател Зоран Георгиевски и го закопал во спалната соба во неговата куќа, не знаела за злосторството. Година и половина спиела во спалната соба каде што бил закопан Георгиевски, незнаејќи дека спие заедно со леш.
Денеска започна главниот претрес за ова грозоморно убиство кое што се откри, дури по година и половина, во месец мај, а било извршено на 5 октомври 2009 година.
Исказ во судот даваа првообвинетиот, триесетгодишниот Милош Давчевски и второобвинетиот, педесет и осумгодишниот Стојадин Сталетовиќ кој што го пријави убиството и кој е осомничен за прикривање на убиството.
Додека пред да биде откриен случајот двајцата се дружеле, пиеле заедно, а Стојадин ги сакал Милош и неговата сестра како свои деца по смртта на нивните родители, денеска пред судот тврдеа дека веќе не разговараат и дека нивните односи се сменети.
Давчевски пред судот го призна убиството и тврдеше дека на давењето со пешкир се сеќавал делумно, пиел алкохол и апчиња, а во минатото двапати пробал и да се самоубие со пиење на апчиња и сечење на вените. Веднаш по убиството, му раскажал на Стојан, кој бил негов сосед, што се случило.
„Отидов кај него и му кажав што се случи, а тој ми рече да не го пријавувам случајот во полиција бидејќи долго ќе лежам во затвор и дека ќе се прикрие делото. Случајот не го пријавив оти ми беше страв“ тврдеше Давчевски.
Телото на нивниот пријател, со кого претходно тројцата заедно пиеле и разговарале кај Стојадиновиќ, според исказот на Давчевски го закопале во оставината од спалната соба, ги извадиле даските од подот и таму го ставиле.
Давчевски тврдеше дека Сталетовиќ активно учествувал во прикривањето на трагите на убиството, додека Стојадин во својот исказ го тврдеше спротивното.
Тој призна дека знаел, но го предупредил Милош да не го меша во ништо и дека уште веднаш го посоветувал да го пријави случајот во полиција.
„Јас му реков дека најдобро е да го пријави случајот во полиција. Откако замина од кај мене мислев дека ќе појде во полиција и ќе го пријави случајот“ рече Стојадиновиќ кој тврдеше дека не учествувал во прикривањето на трагите, не ставал заедно со Милош вар и земја на телото.
Според неговиот исказ, после убиството се гледале поретко, единствено кога Милош ќе појдел за него.
Неизбежно беше прашањето на судот и обвинителството зошто Стојадиновиќ толку долго ја криел оваа тајна. Тој тврдеше дека децата ги сакал како свои и дека по смртта на нивните родители им помагал и ги гледал како свои деца.
Сестрата во својот исказ тврдеше дека Стојадин дури бил и во врска со нивната мајка. Неофицијално, таткото на децата починал пред седум години, додека нивната мајка по неколку години. Во тој временски период мајката на децата, била во врска со Стојадин.По смртта и на мајката на децата, според исказот на Анабела Давчева, сестрата на првообвинетиот, Стојадин се грижел за нив и доброволно им помагал. Единствено што знаеше е дека тој и нејзиниот брат разговарале да отворат свој бизнис. За убиството дознала кога нејзиниот брат бил приведен.
По извесен период по убиството Стојадин ја продал својата барака и неколку дена спиел во куќата на Милош и неговата сестра.
Но според исказот на Давчевски, пред да го пријави Стојадин случајот, отишол кај Милош и му рекол да ја продаде бараката во која живее и да му ги врати парите што му ги позајмил. Стојадин пак тврдеше дека пријавувањето нема врска со позајмените пари.
Милош му објаснил дека проблем е да продаде барака во која им скриен леш. Последната вечер пред да го пријави случајот во полиција сестрата и Милош не го примиле Стојадин да спие кај нив. Милош тврдеше дека не го примиле оти бил пијан. „Немаше никогаш да ме пријави да му ги вратев парите“ тврдеше Милош пред судот.
Утрината Стојадин случајот го пријавил во полиција. Во мај годинава по пријавувањето на случајот, полицијата го откри телото на Георгиевски. Според исказот на обвинетиот, двајцата седеле во домот на Милош и консумирале алкохол. Почнале расправија по која милош го нападнал Зоран и го задавил со пешкир. Кога забележал дека не дава знаци на живот се обидел да го реанимира но не успеал. Тврдеше дека немал намера да го убие. Судењето продолжува за два дена./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

