Македонија
СДСМ. Владата сака да ги скрие вистинските трошоци за прославата
Владата сака да ги скрие вистинските трошоци за прославата, за неа се потрошени милионски суми народни пари.
Владата сака да ги скрие вистинските трошоци за прославата, за неа се потрошени милионски суми народни пари.
Социјалдемократската партија на Македонија (СДСМ) смета дека не е возможно прославата по повод 20-годишнината од независноста на Македонија да чинела 90.000 евра, како што соопшти Владата.
„Само организираниот автобуски превоз на партиските активисти и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ од 83 општини чини повеќе од 100 илјади евра. Ако на ова ги додадеме трошоците кои се однесуваат за изнајмувањето на 3-те бини со озвучување, осветлување, брендирање на позадина, преносот во живо, изнајмувањето на билборди, изработка на ТВ спотовите и медиа закупот, сумата од 90 илјади евра која ја соопшти владата е повеќе од смешна.Да не ги споменуваме огнометот, печатените материјали, огласите во весниците или хонорарите на креативниот тим за осмислување на прославата, кој го промовираше министерката за култура“ изјави на прес – конференцијата Јани Макрадули, член на Извршниот одбор на СДСМ.
Тој ја повика министерката за култура Елизабета Kанческа – Милевска, како носител на одбележувањето на јубилејот, на прес конференција да ги објави сите постапки и договори поврзани со прославата на плоштадот.
„Се надеваме дека за прославата не е исчезната документацијата, како што тоа беше случај со дел од проектите од Скопје 2014, па министерката за култура нема да излезе со празни класери, туку навистина ќе ги покаже документите, бидејќи тоа им го должи на граѓаните“ рече Макрадули.
Владата вчера соопшти дека целокупната прослава во центарот на Скопје чинела 90.000 евра./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика
По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското чистење на главниот град и општината Чаир. Од партијата наведуваат дека акцијата не се однесува само на улиците, туку и на „целиот менталитет што го остави градот во хаос со години“.
„Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, крадеше и не се грижеше за никого освен за себе“, се наведува во соопштението.
Според „Влен“, граѓаните на Скопје на 19 октомври и 2 ноември ставија крај на оваа ера на политичко загадување.
Во партиското соопштение се додава дека е соборена неуспешната ко-влада меѓу Арсовска, Блерим Беџети и Левица, трио што оставило зад себе кал, долгови и град што се дави во хаос. Од ВЛЕН оценуваат дека оние што сакаа да им наштетат на Ссопјани, особено на Чаир, сега гледаат дека градот можеше да се исчисти и навистина се чисти, без нив.
Во завршниот дел на соопштението се наведува дека денес, Чаир со Изет Меџити на чело дише слободно.
„Улиците се чистат, но пред сè, се отстрануваат последиците од долгогодишните блокади и занемарувањето на чаирчани од страна на градската власт. Ова е чистењето што го чекаше Скопје – чистењето на совеста, одговорноста и старата политика“, порачаа од „Влен“.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Од вторник ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорѓиевски објави фотографии од почетокот на акцијата за чистење, поддршка му даде и Мицкоски
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат десетици камиони и други возила кои ќе го чистат Скопје.
Ѓорѓиевски во неговата изборна кампања вети дека кога ќе стане градоначалник, откако ќе му биде врачен мандатот за 72 часа ќе го исчисти Скопје.
„Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како што доликува!“, напиша Ѓорѓиевски.

