Македонија
Топлотен бран утре и задутре во Македонија
Утре и задутре (12-ти и 13-ти септември) се предвидува топлотен бран од жолта, односно алертна фаза кој ќе ја зафати територијата на целата земја, најавува метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре и задутре (12-ти и 13-ти септември) се предвидува топлотен бран од жолта, односно алертна фаза кој ќе ја зафати територијата на целата земја, најавува метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи.Според прогнозата на Хидрометеоролошкиот завод во понедeлник (12.09) утринските температури ќе се движат од 10 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат до 35 степени Целзиусови, додека во вторник (13.09) утринските температури ќе се движат меѓу 11 и 19 а пладневните од 26 до 33 степени. Прогнозата на УХМР предвидува дека утре и задутре во попладневните часови се очекува нестабилно време со локален дожд и грмежи, а благо намалување на температурите се прогнозира за во среда (13.09) за кога се предвидуваат максимални температури од 32 степени Целзиусови и сончево време со мала облачност.Според овие најави, Министерството за здравство информира дека согласно Акциониот план, здравствените институции во државата се кадровски екипирани и опремени со потребната терапија за да се справат со евентуалниот зголемен број пациенти поради високите температури.Од министерството соопштија и дека остануваат на сила препораките за намалување на ризиците врз здравјето од дејството на топлотниот бран. Како општи препораки до населението за заштита од екстремно високите температури, се препорачува – во текот на ваквите екстремно топли денови, граѓаните да останат повеќе во затворени простории (пред сé, климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;- Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носење заштитни очила за сончева светлина и капа, при што се препорачува покривките за главата ада бидат во светли бои бидејќи тие ја рефлектираат светлината, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор;- Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а да се избегнува масната храна;- Да се внесуваат големи количества течности, при што се препорачува најмногу обичната вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци;- При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри;.- На хроничните болни лица им се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува и задолжително миење на земјоделските – градинарски производи (свеж зеленчук и овошје); термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката. (Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени); да се избегнуваат производи кои термички не се обработени, како што се мајонези направени од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

