Македонија
Случајот „Космос“ влезе во Собрание
Случајот со уривањето на станбено деловниот комплекс „Космос“ чиј инвеститор е фирмата на пратеникот на ПЕИ, Фијат Цаноски влезе во Собрание. Комисијата за транспорт, врски и екологија го изгласа предлогот на опозицијата да се одржи надзорна расправа за случајот „Космос“.
Случајот со уривањето на станбено деловниот комплекс „Космос“ чиј инвеститор е фирмата на пратеникот на ПЕИ, Фијат Цаноски влезе во Собрание. Комисијата за транспорт, врски и екологија го изгласа предлогот на опозицијата да се одржи надзорна расправа за случајот „Космос“.
„За прв пат во историјата на овој парламент е одобрена надзорна расправа и тоа едногласно што е за поздравување и тоа од сите членови на Комисијата за транспорт, врски и екологија. Очекуваме во најбрзо време да се формира комисијата и еднаш за секогаш да излезе на виделина вистината за сите случувања поврзани со станбено деловниот комплекс Космос . Повторно сакам да потенцирам дека инвестицијата од 60 милиони евра е најголема на Балканот и воопшто не е за занемарување и затоа сметам дека е на ваква комисија е најсоодветно да се зборува за тоа и да се дојде до фактите и доказите“ изјави Рејхан Дурмиши од ПЕИ.
Славе Гошев од ВМРО – ДПМНЕ смета дека конечно ќе можат да се соочат аргументите на двете страни за случајот „Космос“.
„Надзорната расправа беше побарана од страна на опозицијата. Дали случајот дополнително ќе се политизира или не, не знам, но конечно ќе може да се соочат аргументите на двете страни бидејќи доволно се исполитизира и до сега случајот. Во оваа држава треба да владее правото без разлика дали сум јас инвеститор дали е колегата Цаноски и дали е тоа некој човек кој воопшто не стапнал во парламентот. Законите во оваа држава треба да важат за сите подеднакво и надзорната расправа е токму местото каде што можат да се соочат аргументите“ рече Гошев.
Опозицијата од оваа расправа очекува да покаже дека објектот е урнат незаконски.
„Од надзорната расправа очекувам да се покаже дека инвеститорот и иницијативата на опозицијата дека инвестицијата од 60 милиони евра е срушена незаконски и дека некој се пресметува политички и бизнис со Цаноски. Очекувам на расправата да се појават и министерот за транспорт и државниот инспектор во доменот на градежништвото и урбанизмот за да објаснат на кои членови од законот се повикале при ваквата одлука“ изјави Макрадули.
Комплексот “Космос“ почна да се урива на 1 август бидејќи целиот објект, според општина Гази Баба бил надвор од рамките на проектот што го добил одобрението за градба издаден од службите на Општина Гази Баба.
Целата градба била повисока за метар и 43 сантиметри во однос на апсолутната кота којашто била измерена од геодетска фирма.Комплексот се градеше покрај Вардар кај мостот “Близнак“, во непосредна близина на Универзитетот ФОН, кој исто така е во сопственост на Цаноски. Предвиден беше како луксузен станбено-деловен комплекс со 562 стана.
„Јас сум свесен дека сум пратеник од опозицијата, но токму затоа се грижев целата изградба да е целосно според законите“ изјави Цаноски. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна на министерот за правда Игор Филков во неговото последно јавно појавување поврзано со куќниот притвор на поранешниот вицепремиер, Артан Груби.
Од партијата оценуваат дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да функционираат судските органи и дека улогата на Министерството за правда е да го штити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи со засилена политичка поларизација.
„Министерот за правда, наместо да го заштити судскиот систем од партиска хистерија, дополнително го поттикнува тоа, создавајќи клима на однапред донесена пресуда и јавно испраќајќи пораки што вршат притисок врз обвинителите и судиите“, наведуваат од ДУИ.
Според нив, ваквите изјави претставуваат директно мешање во тековна постапка и сериозен удар врз правосудниот систем, со што се загрозува интегритетот на постапката и принципот на поделба на власта.
ДУИ го повикува министерот да се воздржи од понатамошно јавно мешање, а Министерството за правда, како што велат, преку јасна и одговорна комуникација да ја гарантира независноста на судството. Во спротивно, сметаат дека министерот треба да биде разрешен.
Партијата најавува дека ќе продолжи да го следи секое дејствие што, според нив, создава клима на линч и ќе ги информира своите стратешки партнери – САД, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Реакцијата на ДУИ следува по прес-конференцијата на министерот за правда Игор Филков, кој побара отчетност и детално образложение за одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случајот со Груби, кој е под истрага за криминал вреден 8 милиони евра во Државна лотарија.
Филков посочи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое претходно бил утврден ризик од бегство, и јавно ги повика судскиот и обвинителскиот совет да утврдат дали има одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од корисниците на Гази Баба утре без вода
Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

