Македонија
Започнува судењето против Љубе Бошкоски
Судењето против Љубе Бошкоски, лидерот на партијата „Обединети за Македонија, започнува денеска во 10 часот.
Судењето против Љубе Бошкоски, лидерот на партијата „Обединети за Македонија, започнува денеска во 10 часот. Бошкоски се товари за нелегално финансирање на изборната кампања на неговата партија во јунските предвремени парламентарни избори и за злоупотреба на службената положба. Осомничен е дека во неколку наврати од донатор примил пари за изборната кампања што не ги пријавил. Полицијата го уапси Бошкоски на 6-ти јуни, ден по одржувањето на предвремените парламентарни избори. Тогаш во неговото возило беа пронајдени 100.000 евра. Оттогаш Бошкоски, веќе три месеци Бошкоски се наоѓа во притвор во Шуто Оризари.Неговата партија „Обединети за Македонија“ очекува ослободителна пресуда за претседателот на партијата, Љубе Бошкоски. По апсењето на Љубе Бошкоски, членови од неговата партија се собраа пред Основниот суд Скопје 1 за да му изразат поддршка на нивниот лидер, но и да протестираат против неговото приведување. Овој од пат од партијата најавија дека нема да организираат јавни протести. „Обединети за Македонија не организира јавни протести се’ со цел да не се врши притисок врз судската власт, туку напротив Обединети за Македонија сака и очекува судот да донесе одлука без било каков притисок“ изјави Наталија Ивчева, член на Претседателството на ОМ.Од партијата по апсењето на Бошкоски реагираа дека нивниот претседател бил незаконски следен, со намера, како што велат од ОМ да ја уништат партијата и да ги украдат гласовите. Комисијата за надзор на мерките за следењето на комуникациите на почетокот на месецов побара информација од МВР за случајот со Љубе Бошкоски, неговото апсење и дали полицијата постапила согласно законот или пак, се работи за неовластено прислушување на политичар за време на изборна кампања./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна на министерот за правда Игор Филков во неговото последно јавно појавување поврзано со куќниот притвор на поранешниот вицепремиер, Артан Груби.
Од партијата оценуваат дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да функционираат судските органи и дека улогата на Министерството за правда е да го штити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи со засилена политичка поларизација.
„Министерот за правда, наместо да го заштити судскиот систем од партиска хистерија, дополнително го поттикнува тоа, создавајќи клима на однапред донесена пресуда и јавно испраќајќи пораки што вршат притисок врз обвинителите и судиите“, наведуваат од ДУИ.
Според нив, ваквите изјави претставуваат директно мешање во тековна постапка и сериозен удар врз правосудниот систем, со што се загрозува интегритетот на постапката и принципот на поделба на власта.
ДУИ го повикува министерот да се воздржи од понатамошно јавно мешање, а Министерството за правда, како што велат, преку јасна и одговорна комуникација да ја гарантира независноста на судството. Во спротивно, сметаат дека министерот треба да биде разрешен.
Партијата најавува дека ќе продолжи да го следи секое дејствие што, според нив, создава клима на линч и ќе ги информира своите стратешки партнери – САД, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Реакцијата на ДУИ следува по прес-конференцијата на министерот за правда Игор Филков, кој побара отчетност и детално образложение за одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случајот со Груби, кој е под истрага за криминал вреден 8 милиони евра во Државна лотарија.
Филков посочи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое претходно бил утврден ризик од бегство, и јавно ги повика судскиот и обвинителскиот совет да утврдат дали има одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од корисниците на Гази Баба утре без вода
Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

