Македонија
Досега се запишале скоро 16.000 студенти на Универзитетите во Македонија

По двата уписни рока на Универзитетите во Македонија се запишале 15.822 студенти, соопштуваат од Министерството за образование и наука.
По двата уписни рока на Универзитетите во Македонија се запишале 15.822 студенти, соопштуваат од Министерството за образование и наука.
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, заклучно со вториот уписен рок има запишани околу 7.000 студенти на сите единици во состав на овој универзитет.
На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, заклучно со вториот уписен рок има запишано околу 2.600 студенти .
На Државниот универзитет во Тетово, заклучно со вториот уписен рок има запишано околу 3.619 студенти на сите единици во состав на Универзитетот, а на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, заклучно со вториот уписен рок има запишано околу 2.536 студенти.
За запишување студенти во прва година на партиципацијата за редовните студенти во државната квота изнесува 200 евра годишно, за редовните студенти со кофинансирање на студиите и вонредните студенти партиципацијата изнесува 400 евра годишно.
Студиите на сите дисперзирани студиски програми за сите редовни студенти изнесува 100 евра годишно.
Третиот уписен рок на сите Универзитети започнува од денеска./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.35 до 12.00 часот, корисниците од улиците Студеничанска и Драчевска, како и корисниците од реонот кој гравитира кон улицата Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Метеж на границите: се чека до 40 минути на Табановце за влез и на Богородица за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Денеска, во временски период од 08:00 – 17:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на регионалниот пат во село Доброшане кон Свети Николе до место викано Студена Вода ќе биде во прекин, извести АМСМ.
Исто така во време од 09:00 часот до 14.00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на стариот пат за Крива Паланка на потег на место викано Салон кај ресторан Фемили па по регионалниот пат Куманово кон граничен премин Пелинце до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде во прекин.
Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за наредниот ден.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Муцунски ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи: зајакнување на односите меѓу двете земји во фокусот на разговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во 12:00 часот, во рамки на работната посета на Атина, ќе оствари средба со неговиот хомолог, министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Гераптеритис.
Како што извести Министерството, во фокусот на разговорите се очекува да бидат идните активности за зајакнување на односите и соработката меѓу двете земји, со акцент на економската и енергетската соработка и инфраструктурното поврзување.
Европската интеграција на регионот, како и актуелните геополитички случувања, исто така ќе бидат дел од темите за кои ќе се разговара, водени од заедничкиот интерес за зајакнување на регионалната стабилност и просперитет на двете земји како непосредни соседи и НАТО-сојузници, се додава во соопштението на Министерството.