Македонија
Хауит ќе се заложи за надминување на спорот со името
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Хауит вети дека ќе го искористи сето негово влијание за да се изнајде компромис, со кој би се надминал спорот со името.
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Хауит вети дека ќе го искористи сето негово влијание за да се изнајде компромис, со кој би се надминал спорот со името.„Ќе го искористам секое можно влијание за да охрабрам на компромис и постигнување договор. Тоа е мое ветување. Не сум медијатор, но сакам ова прашање за името да се реши и ќе го искористам моето влијание да охрабрам тоа да се случи“, изјави Хауит во интервју за Дојче Веле. Тој притоа појасни дека за надминување на спорот со името ќе се залага на сите негови состаноци во Македонија, Брисел и Стразбур, но и при средбите со грчките политичари.Оградувајќи се дека европските функционери имаат одговорност во спорот со името, Хауит рече дека не сака да продолжат пречките за приемот на Македонија во ЕУ и во НАТО.„Дозволете ми да разјаснам. Тоа не е одговорност на функционерите во Брисел, тоа не е моја одговорност да се реши прашањето за името, но сакаме да биде решено. Не сакаме дипломатски спорови меѓу соседни земји, а јас не сакам да продолжат пречките за приемот на земјата и во ЕУ и во НАТО. Но, одговорноста за постигнување решение е кај двете земји вклучени во преговорите, но и кај медијаторот од ОН“, смета Хауит.Известувачот за Македонија стравува дека нерешавањето на спорот со името би можело и негативно да се одрази врз препораката за почеток на преговорите „Фер е да се каже дека сум среќен што работам со Штефан Филе и мислам дека тоа што го кажа кога беше во Скопје, дека позитивната препорака на Европската комисија за почеток на пристапните преговори не е ’зацементирана’, е многу јасна порака. Тоа беше учтива и дипломатска порака, но беше јасна што кажува дека сé додека имаме ќор-сокак во прашањето за името и сé додека мислењето на Комисијата е дека нема доволен напредок во некои области, како што кажаа минатата година, не може да се гарантира статус-кво од гледна точка на Комисијата“, вели Хауит.Потенцирајќи дека негова лична желба е препораката на Комисијата да остане иста, а одлука за почеток на преговорите да има на декемврискиот, Хауит рече дека тоа зависи и од работите во Македонија, но и од односот со Грција. Хауит ветува дека енергијата ќе ја насочи на, како што вели, „наоѓањето промени што треба да се случат во насока на почнување на преговорите“.Новиот известувач за Македонија, кој на таа позиција дојде по оставката на словенечкиот пратеник Зоран Талер, треба да ја посети Македонија во недела.Како што јавува Дојче Веле, Хауит, доаѓа во Македонија ќе има средби со сите политички фигури, обични граѓани, бизнисмени и невладини организации, со цел да собере информации за земјата. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

