Македонија
Самарџиски: Ќе жалиме, ама само вечерва, од утре вртиме нов лист и одиме на бронза!
На полувреме сфативме дека можеме да играме со нив, ама тука ја направивме грешката – се отворивме премногу, ним тоа им одговараше и затоа ни побегнаа, вели кошаркарот на литвански Летувос Ритас
Македонскиот центар Предраг Самарџиски по мечот беше тажен, но и горд со тоа што го направија во полуфиналниот меч против Шпанија.
„Се надевам дека со овој меч навивачите ги направивме уште погорди. Ветувам дека истото ќе го направиме и на мечот за третото место. Сега ќе жалиме, ама само до вечерва, од утре вртиме нов лист и одиме на бронза“ – вели Предраг Самарџиски, кој постигна 12 поени.
Кошаркарот на литвански Летувос Ритас се осврна и на неверојатната игра на Хуан Карлос Наваро, кој постигна 35 поени.
„Тој Наваро уште со нога да шутнеше, ќе погодеше. Неверојатно е тоа што го направи тој. Но и ние направивме грешки, ама кога сакаш да ја победиш Шпанија, тоа се случува. На полувреме сфативме дека можеме да играме со нив, ама тука ја направивме грешката – се отворивме премногу, ним тоа им одговарше и затоа ни побегнаа. Потоа немавме сили да бркаме резултат – рече Пеџа, кој дополни дека Шпанците имаа и мала заштита од судиите. „Не сакам да им ја омаловажам победата, ама неколку пати на Бо не му свирнаа фаул кога поентираше и не добиваше дополнително слободно фрлање. Тоа се битни поени, кои не ни дадоа да ги имаме. Шпанците имаат голем углед и си го користат тоа – вели Самарџиски.
Селекторот Марин Докузовски изјави дека одбраната била послаба отколку на минатите натпревари.
„ Тоа се должи на заморот во нашите редови, на нивните офанзивни скокови и, на крајот на краиштата, на целиот нивен квалитет. Сакавме да играме кошарка, го знаевме противникот кој е и знаевме дека ќе биде премногу тешко да успееме да ги изненадиме. Се обидовме да им дадеме достоен отпор и се надевам дека не ги разочаравме навивачите – рече македонскиот селектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

