Македонија
Соообраќајот утрово се одвива нормално
Утринава сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно, без забрани, по суви и чисти коловози.
Утринава сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно, без забрани, по суви и чисти коловози.На возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.Почеста е појавата на поситни одрони низ клисурите и планинските превои, каде од АМСМ препорачуваат крајно внимателно возење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.Поради одвивањето на реконструкцијата на автопатот Е – 75 од Катланово до Велес, од минатиот понеделник, на повеќе места се изведуваат работи на пат, асфалтирање и други поправки на коловозот, за што има поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Препорака за возачите кои ќе го користат овој патен правец да бидат крајно внимателни, да ја намалат брзината на возење, бидејќи на повеќе места ги очекува движење на работници и градежни машини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

