Македонија
Попоски на Генералното собрание на Обединетите Нации
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски од денеска до 27 септември ќе учествува на 66-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите Нации, во рамки на делегацијата предводена од премиерот Никола Груевски.
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски од денеска до 27 септември ќе учествува на 66-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите Нации, во рамки на делегацијата предводена од премиерот Никола Груевски.
Како што информираат од МНР, Попоски ќе учествува на поголем број состаноци на министерско ниво кои ќе се одвиваат на маргините на Генералната дебата.
Се очекува министерот да учествува на Состанокот на високо ниво за нуклеарна сигурност и безбедност во организација на ГенСек на ОН, Трансатланската вечера на министри на земји членки на НАТО и ЕУ на покана на државниот секретар Хилари Клинтон, Министерски состанок за Франкофонија во организација на Швајцарија, Состанок за Отворено владино партнерство во организација на претседателот на САД и на Бразил, Министерскиот состанок на Алијансата на цивилизации, Министерски состанок на Сеопфатниот договор за забрана на нуклеарни проби, Годишниот балкански лидерски самит и други состаноци.
Исто така, Попоски за време на престојот во Њујорк ќе оствари билатерални средби со повеќе свои колеги.
Премиерот Груевски во Њујорк ќе отпатува в среда. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

