Македонија
Без струја Дебар маало, Шутка. Топаана и Пинтија
Денеска од 9 до 14 часот без струја ќе останат дел од корисниците на ул. „Христо Смирненски“, ул.„Васил Стефановски“, ул.„Роза Луксембург“, дел од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, ул.„Диме Аницин“, ул.„Борка Талески“, ул.„9 Мај“
Денеска од 9 до 14 часот без струја ќе останат дел од корисниците на ул. „Христо Смирненски“, ул.„Васил Стефановски“, ул.„Роза Луксембург“, дел од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, ул.„Диме Аницин“, ул.„Борка Талески“, ул.„9 Мај“, a во периодот од 9 до 17 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците на ул.„Васил Стефановски“, ул.„Петар Поп Арсов“, дел од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, ул.„Костурски Херои“ во реон Дебар Маалo.
Како што известија од Регионалниот Центар за управување со кризи на Град Скопје, овој прекин на снабдувањето со електрична енергија е поради продолжувањето на изведување одредени технички инвестициони зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа од страна на ЕVN Македонија АД.
Денеска, исто така, од 8 до 14 часот без струја ќе бидат жителите на улиците ул.„Шуто Оризари“, ул.„Карбуница“, ул.„Клисурска“, ул.“Брегалничка“, ул.„Рељо Шесто Крило“, дел од ул.„Виетнамска“, ул.„Диме Мечето“, а од 9 до 16 часот без напојување со електрична енергија ќе останат потрошувачите на дел од ул.„Гвадалахара“, дел од ул.„Франц Розентал“, дел од ул.„Селечка Планина“, ул.„Кипарска“, дел од ул.„Карбуница“, дел од ул.„Клисурска“, дел од ул.„Рељо Шесто Крило“, ул.„Патрис Лумумба“, дел од ул.„Брсјачка буна“ во населба Шуто Оризари.
Во среда во периодот од 9 до 15 часот, без струја ќе останат потрошувачите на ул.„Саса“, кои гравитираат кон црквата во населба Пинтија, а од 8 часот до 16 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците во нас. Топаана.
Овие прекини на напојувањето со електрична енергија се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдување со електрична енергија на корисниците во реонот, велат од РЦУК Скопје./крај/со/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

