Македонија
Милошоски: Постапката на Шацимаркакис нема да го подобри неговиот углед
Постапката на европратеникот Јоргос Шацимаркакис на завчерашната панел-дискусија за состојбите во македонското новинарство нема да го подобри неговиот углед во македонската јавност, смета Антонио Милошоски.
Постапката на европратеникот Јоргос Шацимаркакис на завчерашната панел-дискусија за состојбите во македонското новинарство нема да го подобри неговиот углед во македонската јавност, смета Антонио Милошоски, претседател на собраниската Комисија за надворешна политика и екс-министер за надворешни работи.Според Милошоски, инцидентот со македонските новинари може да се одрази на работата на мешовитиот парламентарен комитетот Македонија-ЕУ, со кој претседава токму Шацимаркакис.„Јас сметам дека секој ко-претседавач на овој мешовит комитет треба да презема чекори, постапки којшто ќе го подобрат неговиот углед и репутација во земјата на која што се однесува тој комитет. Не верувам дека со овој настан угледот и репутацијата на пратеникот Шацимаркакис ќе бидат подобрени во македонската јавност. Сепак, неговиот углед и репутација во македонската јавност може во добра мерка да се одрази на неговата ефикасност и делување во рамките на мешовитиот парламентарен состав“, коментира Милошоски.Прашан за мислење околу состојбата со слободата на медиумите во Македонија, Милошоски повика на посилно залагање на Здружението на новинари со цел заедничко утврдување на правилата на игра во медиумскиот простор. „Слободата на медиумите е одговорност на повеќе фактори во Република Македонија, се разбира пред се на институциите кои што ја имаат извршната улога во нашиот политички систем, а истовремено и на субјектите што се вклучени директно во слободата на медиумите. Тоа значи медиумските куќи, новинарството, самото општество, прием на новинарската критика и можноста таа да се изрази и почитувањето на правилата на игра во самиот медиумски простор. Јас би препорачал што посилно залагање на Здружението на новинарите на Македонија за едно поцврсто и заедничко утврдување на правилата на игра во медиумскиот простор и помеѓу новинарите за да може новинарите и медиумите како субјект да имаат еден поусогласен настап и заедничка позиција спрема институциите и самата држава“, изјави Милошоски.Во врска со најавите дека вицепремиерот Теута Арифи на декемвриската средба со нејзиниот грчки колега Теодорос Пангалос ќе говори на албански јазик, Милошоски со очекување дека правилата и протоколите во дипломатската комуникација ќе бидат испочитувани. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.
Македонија
Муцунски ќе го пречека хрватскиот министер за надворешни работи: во фокус билатералните односи, економската и секторската соработка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија, извести Министерството.
Во фокусот ќе бидат и соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.

