Македонија
Ташовски: Македонија да го искористи индискиот економски потенцијал
Интензивирање на економската и политичката соработка, како и на стоковата размена меѓу Македонија и Индија се меѓу главните приоритети на новоименуваниот амбасадор во Њу Делхи, Слободан Ташовски.
Интензивирање на економската и политичката соработка, како и на стоковата размена меѓу Македонија и Индија се меѓу главните приоритети на новоименуваниот амбасадор во Њу Делхи, Слободан Ташовски.
Тој денеска пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика ја претстави платформата за дипломатски активности. Досегашниот претставник на Македонија во Обединетите Нации смета дека Индија има потенцијал за економски развој од кој и нашата земја да има придобивки.
„Имајќи ја в предвид големината на земјата, имајќи в предвид нивните можности, ако успееме макар еден мал процент од она што тие имаат да направиме соработка, тоа за нас ќе биде многу. Имајќи предвид дека тие се над милијарда луѓе, ние сме два милиона луѓе, секако дека еден многу мал процент од индискиот продукт за нас би било многу“, рече Ташовски.
„Нашите билатерални односи бележат скромен развој. Истите ги карактеризира изразена подготвеност за унапредување на соработката. Индија е сè повеќе заинтересирана за Република Македонија, посебно од економски аспект – значи пласман на индиски капитал, инвестиции и користење на поволностите на Република Македонија за производство и пласман на одредени продукти за трети пазари, посебно во Европа“, смета Ташовски.
Новоименуваниот амбасадор во Индија изрази очекува дека индиските власти со одлука ќе ја формализираат досегашната пракса во билатералната комуникација со нашата земја да го користат уставното име Република Македонија. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

