Македонија
Волерс: Решението за името нема да биде брзо
Решението за името не е работа што ќе дојде брзо, туку е нешто на кое треба да работиме, изјави американскиот амбасадор Пол Волерс, по денешната средба со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Решението за името не е работа што ќе дојде брзо, туку е нешто на кое треба да работиме, изјави американскиот амбасадор Пол Волерс, по денешната средба со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.Прашан за говорот на премиерот Никола Груевски пред Генералното Собрание на Обединетите Нации, и дали тоа може да придонесе за побрзо изнаоѓање на решение во спорот со името со Грција, Волерс со став – не постои брзо решение, на него треба да се работи.„Како што претходно имам речено, не мислам дека решението ќе биде брзо. Тоа е нешто на кое треба да работиме. Тој ја престави својата позиција. Но, многу од тоа што се случува во врска со прашањето со името не се прави преку јавни изјави, туку се прави во многу поприватни ситуации. Понекогаш разликата меѓу јавните изјави и приватните изјави, на што и да се однесуваат тие, на било какво прашање, е дека вообичаено не се прават јавно. Ќе продолжиме да работиме на тоа прашање и се надевам дека ќе бидеме во можност да помогнеме“, рече Волерс. Прашањето за името било дел и од денешните разговори на Волерс со Црвенковски.„Ми ги презентираше своите гледишта за спорот со името. Очигледно е дека нема разговор во кој прашањето за името не се споменува. Секогаш може да претпоставите дека на секоја состанок што го имам, прашањето со името секогаш се споменува. Ќе видиме што ќе се одвива сето тоа. Како што претходно реков, ќе продолжиме да работиме на тоа, да ја советуваме влада во врска со тоа прашање“, рече Волерс. Во однос на делувањето на опозицијата, Волерс со препорака – таа да ја извршува својата витална улога во парламентот.„Секогаш велиме дека силна опозиција е витална за демократијата. Без силна опозиција не можете да имате одржлива и трајна демократија, без разлика тоа се однесува на Македонија или на било која друга земја. Ја поддржуваме опозицијата како целина и оечкуваме да играат витална улога во парламентот и во земјата генерално., без разлика се работи за СДСМ или друга партија што е во опозиција. На пример кога претходно бев тука ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција. Кој и да е во опозиција, треба да има капацитет активно да учествува во процесите и се надевам дека тоа ќе го прават. Ние секогаш ќе бидеме во контакт со нив, да ги чуеме нивните гледишта и да им ги презентираме нашите“, рече Волерс по првата средба со Црвенковски.Американскиот амбасадор денеска ќе се сретне и со лидерот на ДПА, Мендух Тачи. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

