Македонија
Груевски, Протоѓер и Пешевски го посетија Тарчуловски
Претседателот на Владата, Никола Груевски, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски и шефот на Канцеларијата на претседателот на Владата, Мартин Протоѓер
Претседателот на Владата, Никола Груевски, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски и шефот на Канцеларијата на претседателот на Владата, Мартин Протоѓер, денеска, на враќање од престојот во Соединетите Американски Држави, го посетија Јохан Тарчуловски во затворот Диез во Германија, соопштуваат од Владата.
Ова е втора посета на Јохан Тарчуловски од страна на премиерот Груевски во последните четири месеци, односно прва откако Тарчуловски ја издржува казната во Германија.
„Премиерот изрази интерес за условите во кои што е сместен Јохан Тарчуловски, како и за неговата општа здравствена состојба. Тарчуловски истакна дека е во добра кондиција и се чувствува добро, дека активно ги следи и се интересира за настаните во Македонија и ја искористи приликата за да испрати поздрави до македонските граѓани“ се вели во соопштението.
Владините претставници уште еднаш му ја изразиле поддршка од Владата и од македонските граѓани.
Хашкиот трибунал го прогласи Тарчуловски за виновен во јули 2008 година, затоа што командувал и ја планирал полициската акција во селото Љуботен, кога беа убиени тројца цивили етнички Албанци. Трибуналот го прогласи за виновен и за сурово постапување, како и за уништување на куќите и имотот на уште 13 етнички Албанци во истата полициска акција. Во мај 2010 година Трибуналот ги потврди вината и затворската казна на Тарчуловски.
Јохан Тарчуловски беше екстрадиран во Хаг во март 2005 година по барање на Трибуналот. По 6-годишниот притвор во Шевенинген, Тарчуловски остатокот од казната ќе го отслужува во Германија. Тој може да бара помилување откако ќе одлежи две третини од казната, односно најрано за три години./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

