Македонија
СДСМ:Единствен противник ни е Груевски, со или без Бучковски

За нас единствен противник е Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ и потполно ни е сеедно дали на нивната страна ќе биде и Владо Бучковски.
За нас единствен противник е Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ и потполно ни е сеедно дали на нивната страна ќе биде и Владо Бучковски.Ова денеска на прес конференција го изјави Весна Бендевска, одговарајќи на новинарско прашање за внатрепартиските превирања.Таа додаде дека СДСМ воопшто не е загрижен ниту за иницијативните одбори на Владо Бучковски и неговите паралелни листи. „СДСМ е демократска партија и легитимно право на секој нејзин член е јавно да упатува критики кон раководството и начинот на кој се води партијата“, рече Бендевска, при тоа додавајќи дека во времето кога Бучковски управувал со партијата, ја уназадил. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Андоновски: Владата започнува со реализација на уште едно изборно ветување – GOVTECH програми за решавање на проблеми на граѓаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), го отвори хакатонот „Кликни безбедно“ иницијатива која е во организација на МКСафеНет, проект во рамки на Министерството за дигитална трансформација.
Андоновски во своето воведно обраќање на присутните им посака добредојде на првиот младински GOVTECH хакатон во Македонија.
„Со овој настан, но и со целиот проект сакаме да покажеме дека технологијата не е тука за да ги замени луѓето, туку за да ги поврзе – и да им даде алатки што ги штитат, ги едуцираат и ги охрабруваат“, започна Андоновски
Тој нагласи дека Министерството за дигиталнта трансформација, го исполнува ветувањето да создаде GOVTECH екосистем – со хакатони, мобилни апликации, онлајн решенија кои се од младите и за младите.
„Во време кога младите често се гледаат како ‘иднината’, јас во вас тука ја гледам сегашноста – креатори на решенија, не само корисници на услуги. Затоа што најдобрите дигитални алатки не доаѓаат од владини згради, туку од училишни клупи полни со идеи, од факултетите, од средните училишта“, дополни Министерот
„Токму затоа го создаваме MKSafeNet – мрежа за дигитална заштита на млади, и го започнуваме овој хакатон со вас, средношколци од сите страни на Македонија. Вие сте доказ дека дигиталната писменост, креативноста и одговорноста може да одат рака под рака“, заврши Андоновски
Овој настан ќе опфати ученици од средните училишта во Република Македонија со различни вештини во делот на дигиталниот свет како програмери, дизајнери, иноватори и ентузијасти собрани заедно во тимови кои во одреден временски период ќе работат со цел да развијат иновативни решенија на одредена тема или проблем.
Македонија
Утре авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, велат од Град Скопје.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Заменик- министерката Трајков порача: Да го реализираме сонот за европска Македонија

„Евроинтеграцискиот процес е еден од врвните приоритети на Владата, приоритет на кој што посветено работиме. Пред нас имаме зацртано една цел-а тоа е да сториме се што е можно за да го реализираме сонот за европска Македонија!“, истакна заменик-министерката за европски прашањa, Викторија Трајков, во своето обраќање на денешната панел дискусија Патот на Македонија кон ЕУ-предизвици и можности во 2025 година, во организација на Австриската амбасада во Скопје и Академијата за европски интеграции.
Заменик- министерката Трајков порача дека со реализацијата на европската агенда и имплементација на реформите ќе се олесни пристапниот процес во ЕУ.
„Свесни сме дека Унијата од нас очекува конкретни резултати и затоа сме подготвени да го вложиме нашиот целокупен човечки и институционален потенцијал за час-поскоро да станеме дел од европското семејство. Изморени сме од ветувања и од условувања преку коишто не сме подготвени да преминеме. Новата Влада постави црвена линија. Црвената линија е нашиот македонски идентитет, кој нема да дозволиме да биде обременет со билатерализација. Но, иако, предолго и неправедно сме во чекалната на ЕУ, ние немаме друг избор освен да продолжиме цврсто напред“, рече заменик-министерката за европски прашањa, Викторија Трајков.
На настанот кој се одржа во скопски хотел зборуваа амбасадори, европски пратеници и докажани меѓународни експерти. Дебатата ја отвори и модерираше професорот од Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје, проф.д-р Васко Наумовски, кој е поранешен вицепремиер за европски прашања и амбасадор во САД, а меѓу говорниците беше и Н.Е. Мартин Памер, австриски амбасадор во Македонија.
На дискусијата свои пораки за предизвиците на ЕУ испратија и Марија Бергер, судијка од Европскиот суд на правдата, пратеникот од Европскиот парламент Клаус Волфер кој е поранешен директор за Југоисточна Европа и проширување на ЕУ во МНР на Австрија. На дебатата учествуваше и Герхард Јарош, раководител за меѓународно кривично право во LGP Group и поранешен заменик главен обвинител во Виена.