Македонија
До 16 часот без струја Топаана, Шутка и Чаир
Денеска од 8 д0 16 часот без струја ќе останат жители од повеќето улици во скопсктие населби Топаана, Шуто Оризари и Чаир.
Денеска од 8 д0 16 часот без струја ќе останат жители од повеќето улици во скопсктие населби Топаана, Шуто Оризари и Чаир.Как ошто информираат од Регионалниот Центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот во снбдувањето на граѓантие со електрична енергија се должи на изведувањето одредени технички инвестициони зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа од страна на ЕVN Македонија.Во периодот од 9 до 16 часот без напојување со електрична енергија ќе останат потрошувачите на дел од ул.„Гвадалахара”, дел од ул.„Франц Розентал”, дел од ул.„Селечка Планина”, ул.„Кипарска”, дел од ул.„Карбуница”, дел од ул.„Клисурска”, дел од ул.„Рељо Шесто Крило”, ул.„Патрис Лумумба”, дел од ул.„Брсјачка Буна” во населба Шуто Оризари.Во периодот од 8 до 16 часот без струја ќе останат дел од корисниците во населбата Топаана.
Денеска во периодот од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе останат жителите на улиците „Серава“, „Панче Неделковски“, „Коста Абрашевиќ“, „Ферид Заири“ во населба Чаир./крај/со/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нов живот, нова надеж, малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави Ѓорѓиевски
Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по посетата на мајката и го поздрави доаѓањето на новиот живот како симбол на надеж и радост.
„Точно на полноќ, кога новата година ги отвори своите врати, Скопје ја пречека најубавата вест – се роди Евгенија Камчева, првото бебе во нашиот град.
Нов живот, нова надеж и силен симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината.
Нека расте жива и здрава, среќна со своите родители, со успеси што ќе ја водат напред и со живот исполнет со љубов, достоинство и можности.
Нека расте во здраво и среќно општество, во град што ќе ѝ овозможи да сонува, да напредува и да верува.
Нека оваа година биде плодна и бериќетна, година на нови животи, насмевки и радост“.
Нека секое новородено дете биде наша заедничка надеж и обврска, да градиме подобра иднина, посигурна држава и посилно општество, напиша Ѓорѓиевски.
„Тоа е нашата должност и наша најголема одговорност.
Искрени честитки до мајката Емилија.
Посакувам здравје, среќа и многу успеси.
Добредојде, Евгенија. Ти си најубавиот почеток на новата година“.
Македонија
Денеска сончево и студено, од сабота облачно со повремени локални врнежи од дожд, снег на повисоките населени места
Времето во текот на денот, претежно сончево и студено, ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени.
Под влијание на циклонска активност од сабота ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно ојужен правец, а температурата ќе биде во пораст.
Македонија
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба: СДСМ оддаде почит на ликот и делото на Киро Глигоров
По повод 14 годишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ, во состав: Љупчо Фармаковски организациски секретар, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор и Симона Цветановски – членка на Извршенодбор, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечното почивалиште.
„Со длабока почит се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство ги постави темелите на современата и независна македонска држава.
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба.
Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас“.

