Македонија
Вонредни локални избори во Сарај на 18-ти декември

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, распиша вонредни избори за градоначалник на Општина Сарај, информираше првиот парламентарец на денешната средба со новинарите.
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, распиша вонредни избори за градоначалник на Општина Сарај, информираше првиот парламентарец на денешната средба со новинарите.
Вељаноски изборите ги распиша откако по последните предвремени парламентарни избори досегашниот градоначалник на скопски Сарај, Блерим Беџети, беше именуван за министер за правда.
Согласно законот, наследникот на Беџети треба да се избере минимум 70, а максимум 90 дена по престанокот на мандатот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: 9 и 10 мај – црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа

„Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови на жалост и болка. Во Куманово се одвиваше една од најтрагичните и најмрачни настани по конфликтот – крвава акција која одзеде човечки животи, уништи домови и остави длабоки рани во душата на албанскиот народ“, велат од „Влен“.
„Но, ни таа трагедија не беше доволна причина за ДУИ да се откаже од власта – се однесуваа како ништо да не се случило. Тоа однесување не е само навреда за жртвите и нивните семејства, туку јасен показател за целосната отсеченост на таа политичка класа од реалноста на обичниот Албанец.
Декадата што помина од тие настани не значи дека албанскиот народ страда од амнезија. Сите ние, со голема болка, се сеќаваме на тие мрачни денови – напуштени домови, детски трауми, бегства, солзи и страдања кои не може да се заборават. А сепак, функционерите на партијата која се претставуваше како чувар на албанскиот народ, ДУИ, продолжуваа да се чешлаат, да садат коса, да се потсмеваат во јавни институции, и да глумат „кападаи“ додека народот крвави од раните што токму нивната лоша власт ги предизвика.
Настаните во Куманово не се само горчлива страница во нашата историја, туку и јасен доказ за моралниот, политичкиот и институционалниот неуспех на тие што со години ја злоупотребуваа власта во име на Албанците.
ВЛЕН изразува длабоко сочувство кон сите жртви и семејства кои ги изгубија своите најмили во тие црни денови. Воедно, нашата постојана заложба е вистината за 9 и 10 мај никогаш да не избледи, и одговорните за оваа трагедија да се соочат со правдата.
Албанците заслужуваат правда, достоинство и достојно претставување – а не заборав и потсмев“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
Илинден, Арачиново и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С.МРШЕВЦИ,ФЕЦ СИМАО 1,2.3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците на УЛ.МИЛАН МАРКОВИЌ БР.2-8. (општина Карпош)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С. МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФЕЦ СИМАО 1, 2, 3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека на ден 08.05.2025 година ( Четврток ):
· Поради уличен дефект на ф 65 мм на бул, Партизански Одреди бр.63, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Борка Талески и Зграда бр,63 на бул Партизански Одреди од 22:00 часот до завршување.(општина Карпош)