Македонија
Полициска акција кај МТВ- приведени клиенти и макроа

– Во текот на минатата ноќ и рано утрово во близина на Македонската радио телевизија приведени се 15-тина лица кои принудувале или користеле сексуални услуги од малолетнички, соопштуваат од МВР.
– Во текот на минатата ноќ и рано утрово во близина на Македонската радио телевизија приведени се 15-тина лица кои принудувале или користеле сексуални услуги од малолетнички, соопштуваат од МВР.
Поголемиот дел од уапсените биле клиенти, а неколкумина од нив биле макроа, односно принудувале три малолетнички да пружат сексуални услуги.
Полицијата најавува детали за утре. Попладнево уапсените се изведени пред истражен судија./крај/фф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: 9 и 10 мај – црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа

„Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови на жалост и болка. Во Куманово се одвиваше една од најтрагичните и најмрачни настани по конфликтот – крвава акција која одзеде човечки животи, уништи домови и остави длабоки рани во душата на албанскиот народ“, велат од „Влен“.
„Но, ни таа трагедија не беше доволна причина за ДУИ да се откаже од власта – се однесуваа како ништо да не се случило. Тоа однесување не е само навреда за жртвите и нивните семејства, туку јасен показател за целосната отсеченост на таа политичка класа од реалноста на обичниот Албанец.
Декадата што помина од тие настани не значи дека албанскиот народ страда од амнезија. Сите ние, со голема болка, се сеќаваме на тие мрачни денови – напуштени домови, детски трауми, бегства, солзи и страдања кои не може да се заборават. А сепак, функционерите на партијата која се претставуваше како чувар на албанскиот народ, ДУИ, продолжуваа да се чешлаат, да садат коса, да се потсмеваат во јавни институции, и да глумат „кападаи“ додека народот крвави од раните што токму нивната лоша власт ги предизвика.
Настаните во Куманово не се само горчлива страница во нашата историја, туку и јасен доказ за моралниот, политичкиот и институционалниот неуспех на тие што со години ја злоупотребуваа власта во име на Албанците.
ВЛЕН изразува длабоко сочувство кон сите жртви и семејства кои ги изгубија своите најмили во тие црни денови. Воедно, нашата постојана заложба е вистината за 9 и 10 мај никогаш да не избледи, и одговорните за оваа трагедија да се соочат со правдата.
Албанците заслужуваат правда, достоинство и достојно претставување – а не заборав и потсмев“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
Илинден, Арачиново и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С.МРШЕВЦИ,ФЕЦ СИМАО 1,2.3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците на УЛ.МИЛАН МАРКОВИЌ БР.2-8. (општина Карпош)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С. МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФЕЦ СИМАО 1, 2, 3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека на ден 08.05.2025 година ( Четврток ):
· Поради уличен дефект на ф 65 мм на бул, Партизански Одреди бр.63, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Борка Талески и Зграда бр,63 на бул Партизански Одреди од 22:00 часот до завршување.(општина Карпош)