Македонија
Жестока дебата за случајот „Космос“
Случајот „Космос“ предизвика жестока расправа на Комисијата за транспорт и врски и екологија.
Случајот „Космос“ предизвика жестока расправа на Комисијата за транспорт и врски и екологија.Пратеникот на СДСМ Јани Макрадули со зборовите „лопови, мафијаши“ му се обрати на директорот на градежниот инспекторат Сашо Дуковски, изреволтиран од тоа што користел политички констатации при излагањето за случајот „Космос“.За пратеникот на ПЕИ и инвеститор на станбено-деловниот комплекс „Космос“ Фијат Цановски овој случај е пресметка на власта со оние кои не мислат како нив и обид на партиските врхушки да ја заштитат урбаната мафија во сопствените редови.Со уривањето на „Космос“, според Цановски, без работа останале околу 300 работници.„Ја злоупотребивте полицијата, измисливте фантомски фирми за рушење и минирање, само за да ги спроведете партиските наредби“, рече Цановски, упатувајќи се и кон Трајковски и градоначалникот Коце Трајановски, со зборовите „како не ви е срам да ме гледате во очи“.Тој тврди дека изградбата на „Космос“ е легална.Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски во своето излагање на надзорната расправа рече дека инвеститорот не ги известил надлежните органи кога отпочнала градбата.Тој тврди дека и самиот инвеститор во своите дописи и жалби до општината признал дека гради спротивно на основниот проект.Цановски тврдеше дека по донесувањето на решението за уривање, бил на средба со Трајковски, кој што го замолил да ги тргне телефоните заради прислушување и му признал дека му е дадена наредба од „горе“ за рушење на „Космос“.Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески вели дека уривањето на „Космос“ е редовна постапка во случај во кој е прекршен законот за градење.„Вчудоневидувачки е што обидот да се исполитизира и во јавноста да се прикаже дека тоа е што некој гради незаконски, е во ред. Било кој случај на прекршување на законската одредба, па и случајот ’Космос’ не смее да се користи за добивање на дневно-политички поени од било која партија“, рече Јанакиески.Пратеникот на СДСМ Јани Макрадули го праша министерот дали „Космос“ бил урнат бидејќи нему блиска фирма планирала изградба на станбено-деловен објект кој што ќе ги продава становите по многу повисока цена во споредба со Цановски.Комплексот “Космос“ почна да се урива на 1 август бидејќи целиот објект, според општина Гази Баба бил надвор од рамките на проектот што го добил одобрението за градба издаден од службите на Општина Гази Баба.Целата градба била повисока за метар и 43 сантиметри во однос на апсолутната кота којашто била измерена од геодетска фирма.Комплексот се градеше покрај Вардар кај мостот “Близнак“, во непосредна близина на Универзитетот ФОН, кој исто така е во сопственост на Цаноски. Предвиден беше како луксузен станбено-деловен комплекс со 562 стана. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

