Македонија
Милошоски го посети Тарчуловски
Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски денеска во германскиот затвор во Диез го посети единствениот македонски хашки осуденик, Јохан Тарчуловски.
Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски денеска во германскиот затвор во Диез го посети единствениот македонски хашки осуденик, Јохан Тарчуловски.„Во посета на Јохан Тарчуловски – разговор, случувања, македонски новости, поздрав и поддршка од име на целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ“, објави Милошоски на својот Фејсбук профил.Тарчуловски во Германија ја издржува 12-годишната затворска казна за случувањата во село Љуботен за време на воениот конфликт во 2001 година. Минатиот месец, во посета на Тарчуловски беше и премиерот Никола Груевски. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче со честитка до Милановиќ: Неговата победа е потврда дека граѓаните на Хрватска ги препознаваат и поддржуват социјалдемократските вредности
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче упати честитка до Зоран Милановиќ за неговата убедлива победа во вториот круг од претседателските избори во Хрватска.
„Неговата победа е потврда дека граѓаните на Хрватска ги препознаваат и поддржуват социјалдемократските вредности. Сигурен сум дека Зоран ќе продолжи да ја води Хрватска во правилна насока обезбедувајќи напредок, стабилност и развој за своите граѓани.
Ти посакувам успешен мандат, Зоране, и се надевам на успешна соработка меѓу нашите две партии и зајакнување на односите меѓу нашите две пријателски земји“, се наведува во честитката на Филипче.
Македонија
Повеќе од половина метар снег на Попова Шапка и Маврово, минусни температури во речиси цела држава
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени целзиусови, -8 било во Маврови Анови и Крушево, -5 во Берово, -4 во Крива Паланка, Битола, Прилеп, Охрид и Претор, -3 во Тетово, Дебар и Виница, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Штип, -1 во Велес, Кавадарци, Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, 0 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 64 сантиметри Попова Шапка, 57 во Маврови Анови, 36 во Крушево 34 во Дебар, 32 во Штип, 31 во Демир Капија, 30 во Тетово, 27 во Берово, 20 во Прилеп, 17 во Охрид, 15 во Струмица и Претор, 11 во Крива Паланка, 10 во Скопје-Петровец, 6 во Куманово.
Времето во текот на ноќта и изутринава
Облачно со повремени врнежи од снег. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утринава снег врне во Крива Паланка, Тетово, Штип, Берово, Куманово и Дебар.
Времето денеска
Претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени.
Во Скопје претежно облачно и студено со повремен снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 2 степени.
Македонија
Врнежи од снег низ целата држава, забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат. Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава.
Од 05:45 часот тешките товарни возила поради врнежи од снег превентивно ќе се пренасочуваат од автопат А1 кај клучка Демир Капија до Смоквица по регионалниот патен правец (стариот пат) Р1102.
Активни забрани за тешките товарни возила:
· Гостивар – Маврово – Дебар
· Гостивар – Стража – Кичево
· Пресека
· Плетвар
· Ѓавато
· Струга – г.п. Ќафасан
· Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)
· Струмица – Берово
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.