Македонија
Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ја напушти „Зебра“
Агенцијата за храна и ветеринарство ќе го поништи, односно ќе го раскине Договорот за закуп на деловен простор склучен со фирмата “Антера“ од Скопје, соопшти денеска директорот на оваа институција, Дејан Рунтевски.
Агенцијата за храна и ветеринарство ќе го поништи, односно ќе го раскине Договорот за закуп на деловен простор склучен со фирмата “Антера“ од Скопје, соопшти денеска директорот на оваа институција, Дејан Рунтевски.Како причина за ваквата одлука, Рунтевски ги наведува негативните реакции во дел од медиумите и јавноста поврзани со преселбата на Агенцијата за храна и ветеринарство.„Иако постапката за избор на најповолен понудувач во целост е спроведена согласно позитивните законски прописи и според Државната Комисија за спречување на корупцијата не постои никаков конфликт на интереси во склучувањето на договорот, сепак поради негативната перцепција во јавноста на целиот случај и продолжување на почитување на принципите на транспарентност во работењето на Агенцијата за храна и ветеринарство, горенаведениот договор ќе биде поништен“, се вели во соопштението.Опозиционата СДСМ вчера го обвини градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ дека ја злоупотребува функцијата за унапредување на својот бизнис, со тоа што склучил договор за изнајмување на простории во трговскиот центар „Зебра“ со државна агенција./крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДС го оставиле Груби да ја пљачка Македонија за да им трае власта, за и тие да продолжат слободно да крадат, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС се претвори во партија на уценети политичари. СДС му слугуваше на ДУИ и уште му молчат. Исплашени да не прозбори и ги издаде, СДС молчат за Груби. Скоро два месеци скандалите и криминалите на Груби ја брануваат македонската јавност, само од СДС збор не се кажува за него. Ги нема да се оградат и да го повикаат Груби да се врати во државата и да се соочи со правосудните органи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од Груби се откажа и ДУИ, ама СДС од него не се откажува. Низ вода Груби го пушти и САД кои што го ставија на црната листа поради криминал и корумпирање на судии за влијание на судски одлуки.
Ако за криминалите на Артан Груби знаеле САД, новинарите, медиумите и пошироката јавност, не е можно за тоа да не знаеле СДС.
СДС знаеле за криминалот а Груби, но свесно му дозволија да ограбува Македонија преку Лотарија, министерството кое го водеше и од кое на фирмата на брат му доделуваше тендери во вредност од неколку илјади евра.
Дека Груби крадеше од државните институции можеше да се види по тоа што во центарот на градот, на улица Македонија се стекна со ексклузивен дуќан по багателна цена. Како и по скапиот автомобил, која ако не изгореше нема да знаеме дека го има, а јавноста ја убедуваше дека тоа бил на негов другар кој му го дал да го користи.
Но, каков е тој другар кој би отстапил скап и луксузен автомобил на другар, освен ако не е како Прпарим Бајрами, со кого заедно би го делеле пленот од македонските институции.
За ваквото криминално дејствување одговорноста е кај СДС, кои при очи слепи се правеле и му дозволите да ја плачка Македонија, за да останат подолго на власт и да продолжат и тие со нивното крадење“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Филипче со честитка до Милановиќ: Неговата победа е потврда дека граѓаните на Хрватска ги препознаваат и поддржуват социјалдемократските вредности
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче упати честитка до Зоран Милановиќ за неговата убедлива победа во вториот круг од претседателските избори во Хрватска.
„Неговата победа е потврда дека граѓаните на Хрватска ги препознаваат и поддржуват социјалдемократските вредности. Сигурен сум дека Зоран ќе продолжи да ја води Хрватска во правилна насока обезбедувајќи напредок, стабилност и развој за своите граѓани.
Ти посакувам успешен мандат, Зоране, и се надевам на успешна соработка меѓу нашите две партии и зајакнување на односите меѓу нашите две пријателски земји“, се наведува во честитката на Филипче.
Македонија
Повеќе од половина метар снег на Попова Шапка и Маврово, минусни температури во речиси цела држава
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени целзиусови, -8 било во Маврови Анови и Крушево, -5 во Берово, -4 во Крива Паланка, Битола, Прилеп, Охрид и Претор, -3 во Тетово, Дебар и Виница, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Штип, -1 во Велес, Кавадарци, Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, 0 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 64 сантиметри Попова Шапка, 57 во Маврови Анови, 36 во Крушево 34 во Дебар, 32 во Штип, 31 во Демир Капија, 30 во Тетово, 27 во Берово, 20 во Прилеп, 17 во Охрид, 15 во Струмица и Претор, 11 во Крива Паланка, 10 во Скопје-Петровец, 6 во Куманово.
Времето во текот на ноќта и изутринава
Облачно со повремени врнежи од снег. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утринава снег врне во Крива Паланка, Тетово, Штип, Берово, Куманово и Дебар.
Времето денеска
Претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени.
Во Скопје претежно облачно и студено со повремен снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 2 степени.