Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Парите кои се потрошени се минорни во споредба со можноста за необјективен попис
ВМРО-ДПМНЕ е за строго и прецизно почитување на законите, владеење на правото и правната држава и тука нема отстапки, компромиси и договори, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата од страна на опозицијата во врска со колективната оставка на членовите на Државната пописна комисија.
ВМРО-ДПМНЕ е за строго и прецизно почитување на законите, владеење на правото и правната држава и тука нема отстапки, компромиси и договори, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата од страна на опозицијата во врска со колективната оставка на членовите на Државната пописна комисија.
„За разлика од СДСМ кој во 2002 година дозволи нереален и необјективен попис, кога во сред пописен процес беше сменет тогашниот директор на Заводот за статистика, кога тогашниот претседател на Државната пописна комисија ги спореше резултатите и кого огромното мнозинство на граѓаните не доби одговори и не можеше да сфати како Бранко Црвенковски изброја 120 000 граѓани етнички Албанци повеќе од претходно, денес законот мора да се почитува, а кон врвните интереси да се пристапува одговорно“ се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
За потрошените пари за неуспешниот попис, од партијата велат дека нема сума на средства со кои можел да се купи необјективен попис.
„Средствата кои се потрошени се минорни во споредба со можноста да се реализира необјективен попис од кој не би имал корист никој. СДСМ треба да ги објасни своите штетни постапки од минатото, со кои дозволи нереален и необјективен попис, кој ќе остане запаметен, наместо како статистичка операција, како класичен неодговорен политички дил на Бранко Црвенковски, со кој се обиде да ја компензира својата неспособност и немањето резултати од корист за граѓаните“ се вели во реакцијата на партијата./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од корисниците на Гази Баба утре без вода
Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.
Македонија
Домашниот притвор за Груби е невиден преседан, вели Максим Димитриевски
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски изјави дека одлуката лицe кое подолг период било во бегство да заврши во домашен притвор претставува невиден преседан и, како што рече, ја потврдува нефункционалноста на системот.
„Недозволиво е лице коешто подолг временски период е во бегство, се враќа во државата и му се изрекува мерка притвор и истото од распитот завршува дома“, изјави Димитриевски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот Груби.
Тој оцени дека сериозна држава не смее да си дозволи такви преседани и додаде дека институциите треба целосно да ги разгледаат постапките.
„Значи дека и Советот на јавни обвинители, но и Републичкиот судски совет ќе треба да ги разгледаат во целост овие постапки, и доколку постои евентуална субјективност или одговорност кај поединци, истите да ги санкционира“, рече тој.
Димитриевски нагласи дека е легалист и посочи дека кога бил обвинет, редовно се појавувал на сите судски рочишта.
„Го повикав господинот Груби да го следи тој пример. За жал беше отсутен од државата повеќе од четиринаесет месеци, се врати и заврши во домашен притвор, што е недозволиво за еден сериозен систем“, додаде градоначалникот.
Во изјавата тој се осврна и на европските интеграции, истакнувајќи дека ако сакаме во Европа и сакаме да напредуваме, ќе мора да ги делиме и европските вредности во делот на поделба на правдата во државата.
Во однос на споредбите меѓу поранешниот функционер Сашо Мијалков и Артан Груби, Димитриевски рече дека Мијалков го коментирал во минатото и нема намера повторно да го прави тоа, но посочи дека и двајцата биле ставени во иста група.
„Денеска го гледаме и господинот Мијалков како слободен граѓанин, но дополнително и господинот Груби којшто дојде да се соочи со правдата, но за жал мене како граѓанин ваквото однесување или ваквата постапка во делот на ставање во куќен притвор не ме задоволува“, изјави Димитриевски, додавајќи дека за исправноста на одлуката треба да се обратат прашањата до надлежните судски власти, бидејќи тие ја водат постапката.

