Македонија
АМСМ: Внимателно по влажните и лизгави коловози
Утринава сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по наместа влажни и лизгави коловози, информираат од АМСМ.
Утринава сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по наместа влажни и лизгави коловози, информираат од АМСМ.
На возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење по влажните и лизгави коловози и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Почеста е и појавата на поситни одрони низ клисурите и планинските превои, каде препорачуваме крајно внимателно возење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.
Од 12 август започна реконструкција на автопатот Е – 75 од Катланово до Велес. На повеќе места ќе се изведуваат работи на пат, асфалтирање и други поправки на коловозот, за што има поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Препорака за возачите кои ќе го користат овој патен правец да бидат крајно внимателни, да ја намалат брзината на возење, бидејќи на повеќе места ги очекува движење на работници и градежни машини.
На патниот правец Р- 418 од Струга до Дебар во наредните 15 – 30 дена ќе се изведуваат работи на пат. Во тој правец на одредени места десната коловозна лента ќе биде затворена за сообраќај. Се молат возачите да возат внимателно и да ја почитуваат новопоставената патна сигнализација како и упатствата од работниците на лице место.
Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.
На граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата. /крај/амсм/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Одговорноста за Даути исто како и за незакажувањето седница на Комисија е кај Гаши
„Иако и беше изгласана недоверба на претседателката на Комисија за социјална политика, Илирие Даути, претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека тоа не е обврска за нејзино разрешување и дека нема правно дејство“, велат од СДСМ.
СДСМ, како што велат, нема да навлегува во фарсата којшто во македонското Собрание ја прават Левица, ЗНАМ И ДПМНЕ.
„Без разлика на скриените мотиви на Левица, ЗНАМ и ДПМНЕ не може интерпелација да нема никаква правна последица. Целата одговорност и околу несвикувањето седница за Законот за бранители и сега по усвоената недоверба за Дауити е кај претседателот на Собранието, Африм Гаши. Сега откако е изгласана интерпелација, односно недоверба, исто така одговорност на претседателот на Собранието е да соопшти што ќе преземе и кои се неговите следни чекори“, посочија од СДСМ.
Македонија
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража и на Плетвар во двата правци
Во 14.50 ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража, додека од 14.50 часот на патен правец Прилеп-Градско, кај Превој „Плетвар“, воведена е забрана за тешки товарни возила во двата правци, соопштија од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево
Македонија
Укината забраната за движење на Плетвар за тешки товарни возила
Во 13.45 часот на патниот правец Прилеп-Градско, на „Плетвар“, укината е забраната за движење на тешки товарни возила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.