Македонија
Сточарот од Зрновци бил убиен од неговиот цимер

Сточарот Душан Петров од кочанското село Зрновци, кој пред неколку дена беше пронајден мртов, бил убиен од цимерот со кој што живееле во иста камп приколка на висорамнината Витачево во атарот на селото Барово,
Сточарот Душан Петров од кочанското село Зрновци, кој пред неколку дена беше пронајден мртов, бил убиен од цимерот со кој што живееле во иста камп приколка на висорамнината Витачево во атарот на селото Барово, демиркаписко, соопшти МВР.
По извршената обдукција врз телото на Петров било констатирано дека лицето починало насилно, од удари со разни предмети.
Приведен бил неговиот цимер, педесет и едногодишниот Б.К од село Пиперово општина Василево. Кај него билa пронајденa секира, дрвени стапови и останати предмети, за кои што убиецот рекол дека ги употребил при вршењето на убиството.
Двајцата сточари на денот на убиството, пијани почнале да се расправаат околу заедничкото живеење во камп приколка, во која убиениот живеел пет години, а убиецот само пет дена.
Расправијата прераснала во тепачка, во која убиецот почнал да го удира Петров со стапови и камења.
Петров неколку години напасувал стока за сопственикот на стадото крави, а пред неколку дена убиецот му станал колега. Истражен судија му одреди 30 дневен притвор на убиецот./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се реконструира физикалната медицина во кочанската болница, соопшти Митева

Во моментот се одвива реконструкција на просторот за физикална медицина во кочанската болница, со вкупна површина од 350 квадратни метри.
Рокот за завршување на работите е предвиден во наредните три-четири недели.
Владината портпаролка Марија Митева информира дека е почнато со поставување нови прозорци, целосно нова електрична инсталација и нова водоводна и канализациска мрежа.
Реконструкцијата ќе продолжи со хидроизолација на објектот, поставување комплетно нова вертикала на водоводната и на канализациската мрежа, која ги поврзува и горните оддели над физикалната медицина – конкретно хирургија, гинекологија и неврологија, порамнување и обновување на подот и поставување нови врати.
„Особено важно што цениме како Влада дека е потребно да се нагласи оти по многу години се оспособува хидрантската мрежа, која беше целосно нефункционална, и во тек е поставување нов противпожарен систем, неопходен елемент за безбедноста на пациентите и на медицинскиот персонал. Ова не е само реконструкција – ова е јасен сигнал дека Кочани добива системска грижа“, рече Митева.
Информира и дека се преземаат сериозни чекори за подобрување на условите во Пониква, каде што од утре ќе бидат примани и пациенти.
Министерството за спорт целосно ги опреми двете игралишта за рекреација, поставени се комарници, кои се од суштинско значење за заштита на пациентите во оваа фаза. Спроведена е и комплетна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, вклучително и на шахтите околу објектот, во соработка со Центарот за јавно здравје – Кочани.
Македонија
Објавен јавен повик за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2025 година

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сите заинтересирани дека е објавен Јавен повик бр. 02/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2025 година.
ДОСТАПНИ МЕРКИ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА:
МЕРКА 1 – Финансиска поддршка во рибарството:
• Потточка 1.6 – Дополнителна заштита на рибите во риболовните води:
o до 30.000 денари за заштита на риболовните ревири и рекреативни зони;
o до 150.000 денари за заштита на риболовни зони;
o до 400.000 денари за заштита на риболовни подрачја.
Средствата од Потточка 1.6 се наменети за надомест на прифатливи трошоци за дополнителна физичка заштита на рибите која се врши во време на природен мрест на рибите.
• Потточка 1.7 – Набавка на опрема за заштита на рибите во риболовните води (до 30.000 денари);
Средствата од Потточка 1.7 се наменети за надомест на прифатливи трошоци за набавка на опрема за видео надзор на риболовните води.
• Потточка 1.8 – Финансиски средства за отстранување на постоечките нарушувања на животната средина (до 60.000 денари).
Средствата од Потточка 1.8 се наменети за надомест на прифатливи трошоци за изведување на акции за чистење на препреки и отстранување на цврстиот отпад од и до риболовните води.
Право на користење на овие средства за МЕРКА 1 имаат концесионерите на рибите од риболовните води. Еден концесионер може да користи средства само за еден одреден период на природен мрест и забрана за риболов
МЕРКА 2 – Финансиска поддршка во аквакултурата:
• Потточка 2.2 – Финансиска поддршка за порибителен материјал (50% од вредноста на набавениот или сопствениот подмладок).
Средствата од Потточка 2.2 се наменети за набавка на порибителен материјал за насадување на рибниците во период од 10 февруари до 31 мај и од 1 јули до 31 октомври 2025 година.
Право на користење на овие средства од Потточка 2.2 имаат:
• Субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
• Субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет дување на рибникот.
МЕРКА 4 – Развој на нови пазари и промотивни кампањи:
• Потточка 4.1 – Финансиска поддршка за промоција на рибарство ;
Средствата од Потточка 4.1 се наменети за надомест на трошоци за промоција на производи од рибарство за традиционална посебност.
Право на користење на овие средства од Потточка 4.1 имаат рибарски и риболовни здруженија и концесионерите на риби.
• Потточка 4.2 – Финансиска поддршка за маркетинг и промоција на аквакултурно производство
Средствата од Потточка 4.2 се наменети за надомест на трошоци за промоција и маркетинг на аквакултурното производство и спроведување на национални кампањи за промоција и маркетинг за производи од аквакултура.
Право на користење на средства од Потточка 4.2 имаат субјекти регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството и/или организации на производители запишани во Регистарот на организации на производители кој се води во Министерството.
Министерството ги повикува сите заинтересирани субјекти да се запознаат со деталните услови и критериуми утврдени во Јавниот повик и навремено да ги достават своите барања.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Првенците од Кисела Вода ќе летуваат бесплатно

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски им додели награди на најдобрите ученици, првенци на генерацијата од сите осум основни училишта на територијата на општината.
Вкупно 24 ученици, односно тројцата најуспешни ученици од секое училиште, добија бесплатно летување во летниот едукативно-рекреативен камп SCOUT во Охрид, додека девет од нив, кои според рангирањето имаа најголем број на поени, беа дополнително наградени со висококвалитетни очила за сонце, извести општина Кисела Вода.
„Оваа активност е дел од јасната и доследна заложба на општината да препознае, поддржи и да ги награди трудот и знаењето кај младите, но и да создаде амбиент во кој успехот се вреднува, а учениците се мотивираат да продолжат по патот на учење и личен раст.
Општина Кисела Вода, преку ваквите проекти, ја исполнува својата мисија да гради стимулативна средина во која секое дете ќе има шанса за напредок и афирмација, препознавајќи го образованието како клучна алатка за индивидуален и општествен развој“, соопштува Општината.
„Ние како општина градиме систем кој ги поддржува младите и им дава поттик да се стремат кон повеќе. На овој начин не само што им ги честитаме извонредните достигнувања на овие млади луѓе, туку и испраќаме порака до сите ученици дека трудот, знаењето и истрајноста секогаш ќе бидат препознаени и наградени. Остануваме посветени на креирање услови во кои секое дете ќе има можност да расте, да се развива и да го реализира својот потенцијал. Горди сме што во Кисела Вода растат генерации што ветуваат“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.