Македонија
Георгиев: Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е неспособна да спроведе попис
Недозволиво е премиерот Груевски да молчи и да бега од одговорност за невидениот срам и огромниот скандал околу пописот. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, заради меѓупартиските пазарења, покажа дека е неспособна да спроведе една нормална статистичка операција.
Недозволиво е премиерот Груевски да молчи и да бега од одговорност за невидениот срам и огромниот скандал околу пописот. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, заради меѓупартиските пазарења, покажа дека е неспособна да спроведе една нормална статистичка операција. Ова денеска го изјави потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев, при тоа додавајќи дека „несериозно и неодговорно е на државниот празник 11 Октомври и само еден ден пред објавувањето на извештајот на Европската комисија да се донесе одлука за прекин на пописот“.„Зошто Груевски не го стопираше пописот во обид уште на 31 септември кога претседателката на Пописната комисија си поднесе оставка со образложение дека се подготвува голем пописен фалсификат? Зошто Груевски го аминуваше Артан Груби, познат учесник во инцидентот на Кале за нов член на пописната комисија? Очигледно планот на Груевски и Ахмети не бил спроведување на попис, туку обид за фалсификат кој го прекинаа откако стана премногу видлив за целата јавност“, истакна Георгиев.Тој побара од Груевски јасно да посочи кој ќе понесе политичка, морална и кривична одговорност за несовесното работење и злоупотребата на народните пари.„Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да понесат одговорност затоа што фалсификатот во обид ги чини граѓаните 14 милиони евра“, рече Георгиев.Според него, несериозни се тезите за наводни 120.000 етнички Албанци повеќе. „Ако е така, зошто тогаш не спроведоа нормален попис кој со бројка би ги демантирал овие тврдења?“, нагласи Георгиев. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од корисниците на Гази Баба утре без вода
Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.
Македонија
Домашниот притвор за Груби е невиден преседан, вели Максим Димитриевски
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски изјави дека одлуката лицe кое подолг период било во бегство да заврши во домашен притвор претставува невиден преседан и, како што рече, ја потврдува нефункционалноста на системот.
„Недозволиво е лице коешто подолг временски период е во бегство, се враќа во државата и му се изрекува мерка притвор и истото од распитот завршува дома“, изјави Димитриевски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот Груби.
Тој оцени дека сериозна држава не смее да си дозволи такви преседани и додаде дека институциите треба целосно да ги разгледаат постапките.
„Значи дека и Советот на јавни обвинители, но и Републичкиот судски совет ќе треба да ги разгледаат во целост овие постапки, и доколку постои евентуална субјективност или одговорност кај поединци, истите да ги санкционира“, рече тој.
Димитриевски нагласи дека е легалист и посочи дека кога бил обвинет, редовно се појавувал на сите судски рочишта.
„Го повикав господинот Груби да го следи тој пример. За жал беше отсутен од државата повеќе од четиринаесет месеци, се врати и заврши во домашен притвор, што е недозволиво за еден сериозен систем“, додаде градоначалникот.
Во изјавата тој се осврна и на европските интеграции, истакнувајќи дека ако сакаме во Европа и сакаме да напредуваме, ќе мора да ги делиме и европските вредности во делот на поделба на правдата во државата.
Во однос на споредбите меѓу поранешниот функционер Сашо Мијалков и Артан Груби, Димитриевски рече дека Мијалков го коментирал во минатото и нема намера повторно да го прави тоа, но посочи дека и двајцата биле ставени во иста група.
„Денеска го гледаме и господинот Мијалков како слободен граѓанин, но дополнително и господинот Груби којшто дојде да се соочи со правдата, но за жал мене како граѓанин ваквото однесување или ваквата постапка во делот на ставање во куќен притвор не ме задоволува“, изјави Димитриевски, додавајќи дека за исправноста на одлуката треба да се обратат прашањата до надлежните судски власти, бидејќи тие ја водат постапката.

