Македонија
Лустрирани тројца поранешни функционери, уште 60-сетина се испитуваат
Комисијата за верификација на фактите на денешната седница која траеше повеќе од четири часа не им ги верификуваше изјавите на тројца поранешни носители на јавни функции.
Комисијата за верификација на фактите на денешната седница која траеше повеќе од четири часа не им ги верификуваше изјавите на тројца поранешни носители на јавни функции.Освен овие тројца поранешни функционери, Комисијата ќе ги проверува и изјавите на 60 исто така поранешни функционери, чии имиња се појавувале во документите од државниот архив.На денешната седница не се расправало за досиејата на четворицата академици бидејќи, како што рече претседателот, Томе Аџиев, не биле завршени предметите.За Чедомир Дамјановски, еден од членовите нас Комисијата, апсурдно е тоа што повторно Комисијата разгледува досиеја на поранешни функционери, а не се разгледуваат досиејата на актуелните.„Апсурдно е тоа што сега ќе треба да разгледуваме 60-сетина досиеја за поранешни носители на јавни функции, кои не поднеле изјави. Тоа е инаку решено со законот, за тие што нема да поднесат изјава, ние треба да го известиме Собранието, Државната изборна комисија и Владата. Со оглед на тоа што тие не поднеле изјави, тие не можат да бидат избрани на други функции“, изјави Дамјановски.Тој останува на бројката дека од моментот кога се донесени измените на Законот за лустрација, Комисијата испитувала околу 6.000 досиеја на поранешни функционери, а само околу 250 досиеја на актуелни функционери.Седницата на Комисијата ќе продолжи во понеделник во 11 часот. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од корисниците на Гази Баба утре без вода
Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.
Македонија
Домашниот притвор за Груби е невиден преседан, вели Максим Димитриевски
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски изјави дека одлуката лицe кое подолг период било во бегство да заврши во домашен притвор претставува невиден преседан и, како што рече, ја потврдува нефункционалноста на системот.
„Недозволиво е лице коешто подолг временски период е во бегство, се враќа во државата и му се изрекува мерка притвор и истото од распитот завршува дома“, изјави Димитриевски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот Груби.
Тој оцени дека сериозна држава не смее да си дозволи такви преседани и додаде дека институциите треба целосно да ги разгледаат постапките.
„Значи дека и Советот на јавни обвинители, но и Републичкиот судски совет ќе треба да ги разгледаат во целост овие постапки, и доколку постои евентуална субјективност или одговорност кај поединци, истите да ги санкционира“, рече тој.
Димитриевски нагласи дека е легалист и посочи дека кога бил обвинет, редовно се појавувал на сите судски рочишта.
„Го повикав господинот Груби да го следи тој пример. За жал беше отсутен од државата повеќе од четиринаесет месеци, се врати и заврши во домашен притвор, што е недозволиво за еден сериозен систем“, додаде градоначалникот.
Во изјавата тој се осврна и на европските интеграции, истакнувајќи дека ако сакаме во Европа и сакаме да напредуваме, ќе мора да ги делиме и европските вредности во делот на поделба на правдата во државата.
Во однос на споредбите меѓу поранешниот функционер Сашо Мијалков и Артан Груби, Димитриевски рече дека Мијалков го коментирал во минатото и нема намера повторно да го прави тоа, но посочи дека и двајцата биле ставени во иста група.
„Денеска го гледаме и господинот Мијалков како слободен граѓанин, но дополнително и господинот Груби којшто дојде да се соочи со правдата, но за жал мене како граѓанин ваквото однесување или ваквата постапка во делот на ставање во куќен притвор не ме задоволува“, изјави Димитриевски, додавајќи дека за исправноста на одлуката треба да се обратат прашањата до надлежните судски власти, бидејќи тие ја водат постапката.

