Македонија
Мијатовиќ: Сопствениците да сфатат дека медиумите не и служат на политиката
Крајно време е политичарите, сопствениците на медиумите, но и новинарите да сфатат дека медиумите и служат на јавноста, а не на политичарите, порача Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите
Крајно време е политичарите, сопствениците на медиумите, но и новинарите да сфатат дека медиумите и служат на јавноста, а не на политичарите, порача Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ која денеска ја завршува својата посета во Македонија.
По средбите со премиерот Никола Груевски, со вицепремиерката Теута Арифи и со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, таа детектираше проблеми во областа на новинарството.
„Сите вие треба да бидете искрени кон себе и крајно време е политичарите, сопствениците на медиумите, но и новинарите да сфатат дека и служат на јавноста, а не на политичарите. Посебно сакам да го истакнам непостоењето на единство меѓу новинарите. Оваа поларизација и поделба е деструктивна за општеството. Исто така е важно да се потсетат новинарите дека треба да работат и да ја информираат јавноста, а не да работат за бизнис и политички интереси, да престанат да работат за нив, да го вратат дигнитетот на професијата“ им се обрати Мијатовиќ на новинарите.
Како еден од проблемите Мијатовиќ го посочи тоа што не постои правна регулатива за медиумите, а нагласи дека се потребни бројни реформи во јавниот радиодифузен сервис, како и во Советот за радиодифузија.
Политичарите ги потсети дека медиумите не се нивна сопственост, туку се сопственост на јавноста.
Таа изрази надеж дека наскоро ќе има декриминализација на клеветата, со оглед на тоа што во Македонија постојат повеќе од 160 тужби против новинари.
„Тоа е нешто неприфатливо за демократското општество. Неодамнешната пресуда, според која новинарка треба да плати 15.000 евра, е нешто неприфатливо и не смее да се повтори. Политичарите треба да покажат поголема толеранција во однос на прашањата кои им ги поставуваат новинарите“ рече Мијатовиќ. За неа е неприфатливо тоа што новинарите поднесуваат тужби против свои колеги.
Мијатовиќ го поздрави дијалогот кој го води Здружението на новинарите на Македонија со вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи и истакна дека ОБСЕ ќе направи сè за да продолжи овој процес. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

