Македонија
Средношколци од Балканот и САД на дебатен турнир во Скопје
Интернационалниот дебатен турнир Macedonia Open, на кој стотина млади ќе говорат и ќе ги предизвикуваат сопствените ставови на општествено – социјални прашања, се организира од денес до недела во Скопје.
Интернационалниот дебатен турнир Macedonia Open, на кој стотина млади ќе говорат и ќе ги предизвикуваат сопствените ставови на општествено – социјални прашања, се организира од денес до недела во Скопје.Користејќи ја дебатата како алатка, средношколските делегации од Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, САД и Македонија гласно ќе ги споделат сопствените гледишта следејќи ги принципите на организирана дискусија. Теми на кои ќе се дебатира се “Државата треба да и даде приоритет на слободата на граѓаните пред безбедноста” и „Државата смее да воведе рестрикции на сите алатки за комуникација во случај на немири“. Macedonia Open е интернационален дебатен турнир организиран од Младински образовен форум (МОФ) и е висoко реномиран настан на интернационално ниво. Турнирот се одржува во гимназијата Јосип Броз – Тито и Универзитетот за туризам и менаџмент, на кој учество ќе земат стотина натпреварувачи, тренери и судии од Балканот и пошироко.Macedonia Open e меѓународен дебатен турнир кој промовира младинска компетитивност базирана на организирана и аргументирана дискусија. “Карл Попер“, дебатниот формат на првенството, е најраспространетиот формат на средношколска дебата на светско ниво. МОФ го организира Macedonia Open традиционално, по деветти пат. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

