Македонија
СДСМ ги враќа некои од старите кадри во партијата
На седница на Централниот одбор, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија донeсе одлука за формирање неколку совети на партијата на чие чело ќе застанат некои од старите кадри на СДСМ, основачи на партијата.

Ќе се формира Совет на СДСМ, на чело со архитектот Мирослав Грчев, Агро Совет, со кој ќе претседателствува Ристо Еленов, Совет за култура кој ќе го предводи Роберт Алаѓозовски.
Стево Пендаровски ќе раководи со Советот за безбедност и НАТО интеграција, судијката Маргарита Цаца Николовска со Советот за политички систем.
На чело на Дипломатскиот совет на СДСМ, ќе застане поранешната министерка за надворешни работи, Илинка Митрева, а координатор на Клубот на жени ќе биде Цветанка Ласкова.
Централниот одбор на посебна седница ќе донесе одлука за формирање на Економско-социјален совет на СДСМ, а најавија формирање и на Здравствен совет и Совет за образование.
„Преку кадровскиот состав на советите забележлив е зголемениот ангажман на основачите на партијата кои во изминатиот период не ги злоупотребуваа медиумите и своето влијание и бекграунд, туку останаа доследни на вистинските социјалдемократски вредности. Ваквиот спој на реномирани експерти кои се докажани во својата област со искуството на основачите на партијата е потврда на обединувачки капацитет на СДСМ кој приклучува кон себе врвни интелектуалци во исклучително тешки времиња за македонската демократија, која се повеќе е загрозена од страна актуелната власт“ изјави секретарот на партијата, Андреј Петров.
Партијата на денешниот Централен одбор распрвала и за пропаднатиот попис и извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.