Македонија
Велес се мобилизира против можен рестарт на Топилница
„Одборот за спас на Велес од Топилницата“ одржа итна седница по најавите за можен рестарт на Топилницата, јавува порталот „Лисица“.
„Одборот за спас на Велес од Топилницата“ одржа итна седница по најавите за можен рестарт на Топилницата, јавува порталот „Лисица“.
Утврдени се следните активности, но она што е најважно е едногласното решение да се зајакне институционалната борба во обидот да се спречи можниот рестарт на комбинатот кој 56 илјади жители го нарекуваат „Тивкиот убиец“.
„Ние не запираме тука. Ние ќе ја добиеме војната. Дали на тој пат ќе изгубиме некоја битка тоа е најмалку важно, ние сакаме на крајот да ја добиеме војната и Велес, граѓаните на Велес, а посебно нашите идни генерации да имаат право на достоинствен живот“, рече Горан Петров, претседател на Одборот за спас на Велес .
Познавачите на состојбите велат дека е невозможно рестартирање на комбинатот , секоја инвестиција во модернизација на постројките е многу повисока од сумата на пари потребна за изградба на нова фабика.
Петре Стојанов, поранешен вработен во Топилницата и експерт за еколошко производставо ја разрешува дилемата „можна ли е зелена економија во црна металургија“.
„Невозможно е зелена економија во црна металургија кога производствените капацитети се во населено место , тоа би било возможно со комплетно нова технологија но не во населен простор“, рече Стојанов.
„Одборот за спас на Велес од Топилницата“ за утре најави средба со првиот екологист на Македонија. Од министерот за животна средина, Абдулаќим Адеми ќе побараат одговор дали се точни информациите дека Метрудхем ја имаат отпочната процедурата за добивање на „А-интегрирана “ дозвола за работа. Но министерот Адеми утре уште еднаш ќе го слушне ставот на граѓаните дека во градот на Гемиџиите и Рацин нема место за Метрудхем и Топилницата./крај/лисица//
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.