Македонија
ДКСК – За СДСМ кривична за останатите прекршочни пријави за изборите
Државната комисија за спречување на корупцијата до Собранието на Република Македонија достави Информација за примената на законските прописи во предвремените парламентарни избори 2011 во врска со прашања за кои е надлежна.
Државната комисија за спречување на корупцијата до Собранието на Република Македонија достави Информација за примената на законските прописи во предвремените парламентарни избори 2011 во врска со прашања за кои е надлежна. “Државната комисија за спречување на корупцијата не дојде до основани сомневања дека буџетските средства или средствата од јавните фондови, или средствата од јавните претпријатија и јавни установи или други правни лица што располагаат со државен капитал се непосредно или посредно користени за изборната кампања или воопшто за финансирање на изборна или друга политичка активност”, објави дел од информацијата претседателот м-р Воислав Зафировски.Во информацијата пишува дека од финансиските извештаи за втората половина СДСМ, финансискиот извештај го поднела со задоцнување за што се одговара прекршочно.Во овој извештај е актуелно прашањето за средствата од користениот кредит на олитичката партија СДСМ. Битно за одбележување за оваа фаза е информацијата според која Комерцијална банка, ја демантира информацијата што СДСМ ја имаше изнесено во војот финансиски извештај за првата половина, дека средствата на кредитот од банката преставуваат донација на банката на политичката партија СДСМ. Банката тврди дека е тоа чиста кредитна работа и ништо повеќе. Затоа комисијата информацијата на СДСМ во која тврди дека кредитот претставува донација ја квалификува како неточна, бидејќи кредитот по својата суштина не може да биде донација. Тоа значи дека се работи за давање невистинита информација што е казниво и според Изборниот и Кривичниот Законик. Одделни медиуми со прикривањето на дадените попусти и со ненаплатувањето на своите побарувања од организаторите на изборната кампања во рокот на спроведување на кампањата автоматски се јавуваат како видливи или прикриени донатори на политичките партии, а огромните разлики меѓу вредноста на дадените услуги и дадените попусти и ненаплатени побарувања се доказ за незаконито донирање што е казниво по закон. Одопсервираните медиуми во овој контекст како донатори се јавуваат А1 ТВ, ТВСител и ТВ Канал 5, стои во информцијата на ДКСК. крај.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

