Македонија
Иванов: Македонија се сомнева во искрените намери на ЕУ
Македонија, откако Европската комисија(ЕК) во последниот извештај за напредокот на земјата никаде не ја споменува придавката македонски, се сомнева во искрените намери на Европската унија(ЕУ).
Македонија, откако Европската комисија(ЕК) во последниот извештај за напредокот на земјата никаде не ја споменува придавката македонски, се сомнева во искрените намери на Европската унија(ЕУ).Ова денеска го изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов, по средбата со неговиот хрватски колега Иво Јосиповиќ.„Со тоа се допира во нешто најсвето, најчувствително за македонскиот народ и тоа предизвика исклучително силна реакција на целото општество во македонија“, рече Иванов, при тоа додавајќи дека „особено силно реагирало македонското општество во целина бидејќи тоа предизвикало Македонија сега да се сомнева во искрените намери на ЕУ и на Грција, која на почетокот тој проблем го поставуваше само во рамки на Обединетите нации(ОН), а сега очигледно го шири понатаму“.Иванов истакна дека му пречи што „ЕК на некој начин избрала страна бидејќи не ги применува сопствените правила на еднаквост на сите земји“ и дека не држат објаснувањата дека ЕУ се служи со терминологијата на ОН, бидејќи во регистерот на ОН јасно е напишано дека јазикот во таа држава е македонски“.„Во сите речници, енциклопедии и на универзитетите каде што постојат катедри или лектори за македонски јазик, тој јазик постои, а сега тие се осмелуваат да го бришат“, рече Иванов, при тоа додавајќи дека од „ЕУ бара да се однесува европски“.„Замислете парадокс, на кого тогаш се однесуваат извештаите, на кој јазик и со кој јазик тој народ зборува“, запраша македонскиот претседател.Иванов оцени дека Македонија сега е во ирационална состојба, бидејќи ги исполни сите услови поставени од ЕУ, а не може да напредува.Тој побара во решавањето на билатералниот проблем со Грција да се примени постоечкиот позитивен пример за решавање на меѓудржавниот спор што го постигнаа Хрватска и Словенија. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

