Македонија
СДСМ: Антикорупциска е филијала на ВМРО-ДПМНЕ
Антикорупциската комисија не е ништо друго туку обична филијала на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и секоја нивна иницијатива ја сметаме за иницијатива на штабот на ВМРО-ДПМНЕ.
Антикорупциската комисија не е ништо друго туку обична филијала на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и секоја нивна иницијатива ја сметаме за иницијатива на штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се наведува во реакцијата на СДСМ во врска со денешната најава на Државната комисија за спречување на корупцијата дека ќе покрене кривична постапка против СДСМ за финансирањето на изборната кампања.Според портпаролот на СДСМ, оваа партија работи исклучиво согласно законите, без разлика дали е на власт или во опозиција. „Се што е потпишано од организаторот на кампањата на СДСМ е кристално чисто и во целосна согласност со изборните правила и прописи“, изјави Станковиќ. Станковиќ својата констатација дека антикорупциската комисија влетува од скандал во скандал ја поткрепува со податокот што не е отворен ниту еден случај против актуелните функционери.„Комисијата не се ни обиде да ги провери тврдењата на Велија Рамковски дека со народни пари се плаќани партиски кампањи на ВМРО-ДПМНЕ. Дури, за Антикорупциската комисија нема ништо спорно и незаконски што ВМРО-ДПМНЕ нема покритие за три милиони евра во предизборната кампања“, рече Станковиќ. Реакцијата на СДСМ уследи откако антикорупционерите го објавија извештајот за примената на законските прописи во предвремените парламентарни избори 2011.Спорен момент беа средствата од Комерцијална банка, за кои СДСМ имал наведено дека станува збор за донација, додека банката демантираше наведувајќи дека се работи за кредит. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

