Македонија
Орудија од Првата светска војна пронајдени во Охридско езеро
Членови на Клубот за подводни активности „Охрид“ и на Нуркачкиот центар „Амфора“ при нуркање во Охридското Езеро пронајдоа 29 бајонети и еден шлем за кои се претпоставува дека потекнуваат од периодот на Првата светска војна, пренесе Охридњуз.
Членови на Клубот за подводни активности „Охрид“ и на Нуркачкиот центар „Амфора“ при нуркање во Охридското Езеро пронајдоа 29 бајонети и еден шлем за кои се претпоставува дека потекнуваат од периодот на Првата светска војна, пренесе Охридњуз.„Орудијата ги пронајдовме при сосема обично нуркање и ги предадовме на охридскиот Завод и Музеј“, истакна Милутин Секулоски, меѓународен нуркачки инструктор. Тој посочи дека досега нуркачите од охридските клубови имаат пронајдено 80-на парчиња најразлично орудие кое датира од крајот на 18 и почетокот на 19 век.Секулоски не ја откри локацијата на која е пронајдено орудието, со цел, како што истакна, да се заштити културното наследство од неодговорни поединци кои кога ќе откријат вредни предмети во езерото наместо да ги предадат на Заводот и Музеј ги задржуваат за себе.Горан Митрески, кустос во Завод и Музеј Охрид искажа благодарност до охридските нуркачи кои и по завршување на заедничкиот проект „Охрид подводно депо на оружје“ самоиницијативно пронашле артефакти и истите доброволно ги предале во установата.Кустосот Митрески најави дека по завршување на процесот на конзервација кој е бавен, пронајдените орудија ќе бидат изложени во охридскиот Музеј. /крај/ох/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.