Македонија
Тековно одвивање на сообраќајот по суви и чисти коловози
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата, се одвива тековно без забрани по суви и чисти коловози. Појава на утринска магла ја намалува видливоста, на патните правци долж речните текови и низ котлините.

На возачите им препорачуваме внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Почеста е појавата на поситни одрони низ клисурите и планинските превои, каде препорачуваме крајно внимателно возење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.
Од 12.08.2011 година започна реконструкција на автопатот Е – 75 од Катланово до Велес. На повеќе места се изведуваат работи на пат, асфалтирање и други поправки на коловозот, за што има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Внимателно и на патниот правец Р- 418 од Струга до Дебар каде сеуште се изведуваат работи на пат.
Од ЈП“МАКЕДОНИЈА ПАТ“ подружница Штип:
“ Поради санација на надвозник на магистралниот пат М-6 на “Штипска клучка“ ќе има изменет режим на сообраќајот во рок од месец дена почнувајќи од 19.10.2011 год. “
Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.
На граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата. /крај/амсм/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.