Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски пере пари
Стевчо Јакимовски и Општина Карпош да објаснат според кои критериуми без јавен повик доделија 1.667.000 денари на две невладини организации, повикаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Стевчо Јакимовски и Општина Карпош да објаснат според кои критериуми без јавен повик доделија 1.667.000 денари на две невладини организации, повикаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според информациите на владејачката партија, невладината АБ Иницио, формирана пред една година добила 875.560 денари за реализација на проект за “превенција од деформитети на ‘рбетниот столб кај младите од Карпош“.
Вториот проект предвидува истражување на ставот на граѓаните, во однос на чистата и здрава природна околина, а со него, според ВМРО -ДПМНЕ се планира учениците, односно децата од основните училишта во Карпош да прават анкети на граѓани, што, како што велат, е противзаконски и е класична злоупотреба на децата.
„Кого залажуваат Стевчо Јакимовски и СДСМ?! Овде не се работи за проекти од интерес на граѓаните, туку за класична злоупотреба. Граѓаните ги плаќаат советниците и градоначалникот Јакимовски, а пак овие преку одлуките на Советот ги префрлаат парите за сомнителни и коруптивни проекти. Стевчо Јакимовски и мнозинството на советници на СДСМ кои гласаа за овие проекти треба да понесат морална, законска и политичка одговорност. Очигледно долговите на СДСМ од изборната кампања се преголеми. Со ваквиот начин на работење СДСМ останува истата партија на транзициските политичари“, изјави Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. /крај/со/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

