Македонија
“Tигарот” Спасов денеска во судница
Судењето на Игор Спасов, припадник на специјалната полициска единица „Тигри“, обвинет за убиство на Мартин Нешкоски, кое се случи вечерта по парламентарните избори годинава ќе почне денес во Основниот суд 1 во Скопје.
Судењето на Игор Спасов, припадник на специјалната полициска единица „Тигри“, обвинет за убиство на Мартин Нешкоски, кое се случи вечерта по парламентарните избори годинава ќе почне денес во Основниот суд 1 во Скопје.
Судењето според најавите од судот ќе трае неколку дена по ред.
Се очекува за првпат во судница јавно да се слушне што се случувало на плоштадот во Скопје каде сега обвинетиот тврди дека не присуствувал како обичен граѓанин, туку како вработен во МВР со задача да го обезбедува премиерот.
Обвинетиот Игор Спасов, пред истражен судија изјавил дека со неговите колеги, ноќта на петти јуни, биле работно ангажирани до 23 часот, а само половина час откако се вратиле во базата добиле усна наредба од нивниот претпоставен за враќање на плоштадот.
Според Спасов, неговата обврска била да го обезбедува премиерот во еден поширок круг. Се очекува да се појават и сведоци кои ќе ја потврдат неговата изјава.
Убиството на момчето предизвика лавина реакции и протести на младите во Скопје. Со денови се штрајкуваше пред Собранието пред МВР и низ целиот град. Младите меѓу кои и братот на убиеното момче бараа одговорност за смртта на нивниот пријател. /крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење
Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР.
„Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци.
При тоа изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило“, соопшти МВР.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Македонија
Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари
„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице, поради основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во деловен објект на улица „Бутелска“ во Скопје“, известуваат од Електродистрибуција.
„Констатирано е: противправно користење на електрична енергија преку неовластено приклучување на три нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција. Деловен објект, поранешен млин, користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини“.
Електродистрибуција информира дека е поднесена пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР и дека е изготвена Фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.

