Македонија
Деветти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Македонија и ЕУ
Деветтиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европска унија ќе се одржи на 3-ти и 4-ти ноември во Скопје, информираат од Собранието на Република Македонија.
Деветтиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европска унија ќе се одржи на 3-ти и 4-ти ноември во Скопје, информираат од Собранието на Република Македонија.
На состанокот ќе учествуваат пратеници од Делегацијата на Собранието и европратеници од Мешовитиот парламентарен комитет, а свои обраќања ќе имаат Теута Арифи, заменик-претседател на Владата на задолжен за европски прашања, Никола Попоски, министер за надворешни работи , Роберт Лидл, вршител на должност шеф на делегацијата на Европската унија во Македонија и Ричард Хауит, известител за Македонија во Европскиот парламент.
Во рамките на состанокот, како што се соопштува ќе бидат разгледани повеќе прашања во врска со односите на Македонија и Европската унија, како што се: одбележување на 10-годишнината од донесувањето на Охридскиот рамковен договор во контекст на културниот диверзитет во Македонија; реформите на јавната администрација, судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и актуелната состојба со визната либерализација; граѓанското општество и учеството на граѓаните во процесот на одлучување, слободата на изразување и медиумите; економската состојба, кризата во Евро-зоната и ефектите врз Македонија, како и за транспортните коридори во земјата и искористување на средствата од европските фондови за нивна реализација.
На крајот на овој состанок, според досегашната пракса, се очекува да бидат разгледани и усвоени Завршни препораки. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

