Македонија
Протест: На Велес не му треба сериски убиец
Велешани на нозе, обединети сите заедно, граѓаните излегоа на протест против рестарт на Топилницата, јавува велешкиот портал „Лисица“. „Метрудхем“ не смее да го рестартира комбинатот“, пораката од центарот на градот ја испрати градоначалникот на Велес, Горан Петров.
Велешани на нозе, обединети сите заедно, граѓаните излегоа на протест против рестарт на Топилницата, јавува велешкиот портал „Лисица“. „Метрудхем“ не смее да го рестартира комбинатот“, пораката од центарот на градот ја испрати градоначалникот на Велес, Горан Петров.
„Велешани битката за здрава животна средина ја водат во име на идните генерации.Оваа битка мора да ја добиеме оти доста е Велес да биде еколошки загадуван.Ова што вечерва му се случува на Велес е битка за здрава животна средина во цела Македонија“, рече градоначалникот Горан Петров.
Единството кое вечерва го покажаа еколошки напатените велешани е потврда дека здравјето нема цена, а инвестицијата на „Метрудхем“ е непожелна.
„Свртете се околу вас и ќе видите загрижени лица, тоа е показател дека велешани се загрижени од можно ново загадување, нас не ни треба Топилница“,
„Колку луѓе умреа од таа Топилница, не ни е потребна, се снајдоа и некогашните работници, еве видете и тие се тука меѓу сите нас“,
„На Велес не му треба сериски убиец, велешани треба да го убијат серискиот убиец. Со тоа што сме излезени на протест ние кажуваме Не за Топилница“,
„Не лаже Зелената коалиција, лажат тие кога викаат дека ако работат нема да загадуваат, доста ни се лаги“, велат случајно анкетираните велешани.
Изминувајки го секој чекор велешани се присетуваа на минатото кога црните облаци од топилничките оџаци беа нивно секојдневие. Болестите кај најмладите енермно зголемени, а загадувачот се фалеше со натфрлените норми.
„Секое утро магла, сонце немаше над Велес, се беше тоа од Топилницата“
„Се излеало нешто помор на риби во реката Вардар, се испуштило нешто во воздухот ајде некоја птица ќе умре, е доста е де, нека најдат друга дејност за профит, мора ли олово да се топи“, велат велешани.
Борбата за здрава животна средина ќе биде долга и тешка. Вечерашниов протест е само почеток, од утре следи институционалната борба.
„Вечерва протести од утре нова битка преку институциите, оти само така можеме да бидеме спокојни дека велешани нема повторно да бидат изложени на зголемени концентарции на олово, цинк и кадмиум во водата, воздухот и почвата“, рече пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
„Јас се ставам на располагање на велешани, се што можам да помогнам ќе сторам на Велес да не му се повтори минатото“, рече пратеникот на СДСМ, Марјанчо Николов.
Сто минути им требаше на 10 -те илјади велешани да стигнат до капијата на Топилницата. Таму велешани се соочија си тивкиот убиец. Запалена свеќа, цвеќе и топка, тоа беше пораката од младите.
Организаторите пак ги повторија уште еднаш трите барања, да не се дозволи рестарт на Топилницата, да се исчисти теренот каде е изграден погонот металургија, но и да се пренамени земјиштето за развој на мали и средни претпријатија и итна дислокација на троската и започнување на деконтаминацијата на почвата.
Ова е трет еколошки протест во последните осум години.Според масовноста е најголем. Тоа пак ја отсликува желбата на сите велешани за живот во здрава животна средина наспроти економскиот профит на една фирма./крај/лисица/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен
Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.
„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.
Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.
„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.
Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.
„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.
Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.
„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

